Најубавите ќерки на српските ѕвезди ги покажаа своите атрибути: Како изгледаат познатите убавици во бикини? (ФОТО)

Најубавите ќерки на српските ѕвезди ги покажаа своите атрибути: Како изгледаат познатите убавици во бикини? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Наследниците на јавните личности отсекогаш го привлекувале вниманието на медиумите и предизвикувале интерес, скоро па како и нивните познати родители.

Меѓутоа, посебно внимание привлекуваат убавиците кои со својот атрактивен изглед воглавно собираат бројни лајкови и коментари на социјалните мрежи.

Во продолжение ви ги претставуваме наследничките на големите српски ѕвезди, кои се соблекоа во костими за капење.

# Уна Чолиќ - ќерката на Здравко Чолиќ

Ќерката на легендарниот Здравко Чолиќ е многу активна на социјалните мрежи, а во последно време со својата појава и објави привлекува сѐ поголемо внимание и чести завршува во медиумите, што порано не беше случај. На овој начин имавме можност да ја видиме во бикини, а на фотографиите може да се забележи дека пораснала во вистинска убавица.

# Елена Китиќ - ќерката на Миле Китиќ

Елена, ќерката на познатиот фолкер, веќе подолго време се занимава со музика. Нејзината кариера оди во нагорна линија, а во тоа дефинитивно ѝ помага нејзиниот изглед. Како што сметаат многубројните обожаватели, Елена е една од најатрактивните пејачки. Нејзините фотографии во бикини на социјалните мрежи предизвикуваат посебно внимание, бидејќи својата линија ја има доведено до совршенство.

# Анастасија Ражнатовиќ - ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ

Ќерката на најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ , Анастасија, од мајка ѝ, покрај убавината, го има наследено и талентот за пеење. Многу е млада, но веќе достигна огромна популарност, а нејзините песни се омилени помеѓу помладите генерации. Сепак, кога Анастасија ќе објави фотка во бикини, Инстаграм „гори“.

# Џина Џиновиќ - ќерката на Харис Џиновиќ

Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина Џиновиќ, превлекува посебно внимание поради атрактивниот и провокативен изглед. Често на социјалните мрежи објавува фотки и видеа во костими за капење, па и често добива коментари дека ја има засенето мајка ѝ, кога е убавината во прашање.

# Хелена Топаловиќ - ќерката на Милан Топаловиќ Топалко

Ќерката на фолк пејачот Топалко, Хелена, постојано го привлекува вниманието на јавноста. Нејзиниот изглед остава без здив, а токму поради тоа, оваа убавина на Инстаграм има повеќе од 250.000 следбеници.

# Зорана Шијан - ќерката на Гоца Божиновска

Зорана Шијан е помладата ќерка на фолк пејачката Гоца Божиновска, која ја доби во бракот со покојниот Зоран Шијан. Зорана не им е позната на медиумите, но она што е познато е дека изгледа перфектно.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: