НАЈУБАВИТЕ ПРИКАЗНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

НАЈУБАВИТЕ ПРИКАЗНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

Објавена во: После „Школо“ // PR

Неверојатни две нови изданија од издавачката куќа Просветно дело:

- НАЈУБАВИТЕ ПРИКАЗНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ, и

- НАЈУБАВИТЕ ПРИКАЗНИ ОД ИЛЈАДА И ЕДНА НОЌ.

Привлечни и според содржината и според идејно-илустративното решение и двата наслова нудат по 15 приказни.

Во НАЈУБАВИТЕ ПРИКАЗНИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ ќе ги прочитате приказните како „Џек и волшебниот грав“ (англиска приказна), „Василиса прекрасна“ (руска приказна), „Ждребето и реката“ (кинеска приказна), „Месечевата принцеза“ (јапонска приказна)...

Во ПРИКАЗНИ ОД ИЛЈАДА И ЕДНА НОЌ се легендарните: „Приказна за Шехерезада“, „Али Баба и четириесет разбојници“, „Аладин и волшебната ламба“, „Авантурите на Симбад Морепловецот“, „Волшебниот коњ“ итн.

Лесниот и едноставен стил со кој се раскажани приказните и извонредните илустрации ги прават овие изданија привлечни не само за децата туку и за возрасните.  Различните букви и по форма и по големина создаваат стилизиран визуелен ефект, а затемнетите букви издвојуваат пораки и мудри мисли.

Откријте ги традиционалните приказни и легенди од целиот свет низ овие две извонредните изданија.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: