„Најубавото девојче“ за првпат во јавност по операцијата: Докторите се бореа за нејзиниот живот, а сега ги воодушеви сите на плажа
Францускиот модел Тилан Блондо, уште од 2007 година ја нарекуваат „најубавото девојче на светот“ и тој прекар не го добила туку така. Кариерата како модел ја започнала на 4 години, додека првата насловна страница ја красеше на 6, а тие фотографии со брзина на светлината го заобиколија светот.
За Тилан Блондо велат дека ја „погодила генетски џек-пот“. Сепак, со влегувањето во светот на манекенството на рана возраст значело и дека убавата Тилан немала нормално детство и дека морала да научи што значи ред, работа, труд, дисциплина и како да заработи пари.
Нејзината кариера уште на самиот почеток речиси ќе беше уништена поради случајот со насловната страница на „Candeaux“, на која како 10-годишно позираше облечена како возрасно девојче во фустан со деколте на високи потпетици.
За многумина, сето тоа беше премногу, а нејзините родители беа обвинети дека од нивната ќерка направиле „сон за педофили“, особено кога нејзината мајка изјави дека „била шокирана од фотографиите кога ги видела, но само бидејќи на 10-годишно девојче му дале да носи ѓердан кој време повеќе од милион долари“.
Сепак, Тилан успеа да ја надмине оваа спорна ситуација и да продолжи да ја гради својата кариера во молк. За неа последните години се пишуваше само околу деловните успеси сѐ до крајот на 2021 година, кога и самата откри дека била во ситуација која ѝ го загрозила животот.
Таа најпрво на своите профили на социјалните мрежи објави фотографии од болница, а потоа призна дека имала неколку операции откако ѝ пукнала циста на јајникот.
„Три месеци потоа, стомакот повторно почна да ме боли. Сите мислевме дека тоа е поради операциите. Оваа година бев кај тројца различни гинеколози, бев во повеќе од четири радиолошки центри во Париз и сите ми повторуваа „Не грижи се, сѐ е само во твојата глава“.“
Тилан по четири дена завршила во ургентниот ценатр, кога повторно ја уверувале дека сѐ е во ред со неа, и дека ќе треба да има контрола за неколку месеци. Меѓутоа, за среќа, еден од докторите ѝ ја видел огромната циста на јајникот, и, како што признава и самата, ѝ го спасил животот.
По спорната ситуација, Тилан работеше, но помалку, а нејзините појавувања во јавноста можеа да се избројат на прстите на една рака. Меѓутоа, изгледа дека манекенката конечно се чувствува подобро, и дека папараците за првпат од почетокот на сезоната успеаја да ја уловат на плажа со момчето диџејот Бенџамин Атала, кој беше покрај неа и во најтешките момент и кој неодамна и ја побара за жена.
Двојката за целото време се прегрнувала и разменувала нежности. Тилан на секој чекор предизвикува воодушевување и иако ретко кој може да го тргне погледот од убавата манекенка, таа има очи само за Атала.
Инаку, таа во последно време е активна и на Инстаграм, каде редовно добива комплименти.
фото: Принтскрин / Инстаграм