Најубавото нешто што ми се случи и ја одбележа минатата година е мојот син Киан, мојот живот: Антониа Гиговска во секси фустан од тантела на новогодишната ноќ

Најубавото нешто што ми се случи и ја одбележа минатата година е мојот син Киан, мојот живот: Антониа Гиговска во секси фустан од тантела на новогодишната ноќ

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Антониа Гиговска со нејзиниот сопруг Роберт, кој воедно е во нејзиниот бенд Новата година ја поминаа работно.

Пејачката за новогодишната ноќ беше облечена во бел фустан од тантела, кој  суптилно го покриваше нејзиното тело. На прв поглед изгледа како да е гола, но фустанот го прикриваше секој дел од телото, што остава впечаток на секси и провокативен изглед.


Антониа во честитката за Новата година, но и сублиматот од изминатата рече дека е благодарна за сè што и се случило во 2023 година бидејќи на тој начин созреала како личност. А како најубав момент од изминатата година го одвои раѓањето на нејзиниот син, Киан.

„2023, можам да бидам само благодарна и на се она добро, и на се она (не толку добро) што ми се случи. се израдував како личност, карактер, научив да живеам со луѓето кои ги сакам и ме сакаат, кои искрено ме слушаат кога сакам да им кажам нешто и кои не ме оставија кога ми беше најтешко. Баш би сакала да им кажам „Благодарам“ на оние коишто ми кажаа збогум, општо само така научив кои се вистинските, оние коишто треба да бидат до мене, моја поддршка, мое рамо за плачење, оние кои никогаш не би ме изневериле. Најубавото нешто што ми се случи и ја одбележа оваа година е мојот син, мојот Киан, мојот живот. Кога сме кај музиката во новата година си посакувам многу песни, многу хитови (не мора хитови, доволно е да ги сакате и пеете) многу соработки. Си посакувам да сум здрава и жива, сите околу мене да се среќни, исполнети, насмеани. Среќна нова 2024 година“, стои во честитката на пејачката.

Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: