Најуникатната првоапрлиска маска: Креативна мајка од Македонија ги освои социјалните мрежи (ФОТО)
Денес се одбележува Светскиот ден на шегата. По тој повод сите се внимателни за да не бидат измамени од луѓето околу себе, а воедно и упорни во тоа тие да се први кои ги измамат или ќе се пошегуваат со него.
Воедно, на овој ден на многу места во светот се организира и маскембал, каде што сите се маскираат во своите омилени суперхерои, ликови од цртани, филмови, ликови од секојдневниот живот, но има и такви кои за првоаприлска маска го одбираат омилениот предмет, украс, или пак храна.
Во оваа последната категорија се вбројува и една мајка од Македонија. Имено, таа своето новороденче и милениче - питбулката Нала ги маскирала во најверојатно својата омилена храна - помфрит од Мекдоналдс и шише од најпознатиот бренд на кечап во светот „Heinz“.
Фотографијата од оваа уникатна маска е објавена на Инстаграм профилот на Нала, а мајката за Хаштаг откри дека и двете најсакани личности во нејзиниот живот соработувале и практично уживале во своите маски.
фото: Принтскрин / Инстаграм