Највлијателни инфлуенсерки: Топ 3 девојки кои се на самиот врв по популарноста (ФОТО)
Во модната сфера тие се главни...
Колку се популарни, толку се поуспешни во работата. Со оглед на тоа што има сѐ повеќе инфлуенсери кои се борат за популарност, не е толку лесно да се издвојат и да добијат следбеници. Меѓутоа, за овие деовјки тоа изгледа не е проблем, тие се најпопуларни модни инфлуенсерки на светот.
Инфлуенсерките кои сите најмногу ги следиме се оние од модната сфера, па не нѐ изненадува дека ги има во најголем број и дека поголемиот број девојки сакаат да станат популарни модни инфлуенсерки.
„Launchmetrics“ ги објави имињата на најпопуларните инфлуенсерки. Направија истражување за да видат чии објави се најпопуларни и чии објави собираат најмногу лајкови и коментари за време на модната недела. И преку тоа, дојдоа до листата на највлијателни.
На третото место се најде Негин Мирсалехи.
Второто место беше резервирано за Кјара Ферањи.
На првото место заврши Леони Хане.
Според ова истражува, како што видовте, најпопуларна е Леони Хане, име кое на повеќе ќе им биде непознато, но за оние кои ја следат модата не би требало. Таа веќе неколку години важи за најпопуларна модна инфлуенсерка, а тоа го докажуваат и нејзините соработки со екслузивни брендови како „Dior“, „Cartier“ или „Louis Vuitton“. Таа има 4,4 милиони следбеници, што и не е толку голем број, бидејќи има инфлуенсерки со многу повеќе следбеници, но нејзините објави сепак се популарни.
фото: Принтскрин / Инстаграм