Накит кој покојниот Аркан му го остави на синот Вељко во аманет: Го носеше и на венчавката со Богдана (ФОТО)
Вељко скоро па никогаш не го симнува споменот од својот татко...
Познато е дека Вељко, Анастасија и Цеца го негуваат споменот на својот покоен татко и сопруг, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Тој накит на Аркан му бил омилен и често го носел, а кога преминал во рацете на неговиот син, тој ѝ ветил на својата мајка дека часовникот ќе го носи на својата венчавка, а така и беше.
Кога Вељко пред некоја година се ожени со Богдана Ражнатовиќ, на себе имаше часовник со ланец, кој му припаѓал на неговиот покоен татко.
Вељко часовникот не го симнува, а секогаш го носи и на помените на својот татко, што е посебно емотивно.
Семејството Ражнатовиќ на роденденот на Аркан стана побогато за уште еден член, се роди малиот Крстан, вториот син на Богдана и Вељко.
За потсетување, во времето кога е убиен Аркан, Вељко имал 4, а Анастасија 2 години и скоро па и не се сеќаваат на него. Поради тоа секој спомен им е многу важен, а одредени работи имаат и непроценлива сентиментална вредност за нив.
фото: Принтскрин / Инстаграм