Намерно или не сакајќи: Ким Кардашијан пред нос ѝ „украде“ голем успех на својата сестра
Кој ќе биде најпопуларен?
Нема шега со Ким, ако нешто сака, никој не може да ѝ застане на патот, па дури ни сопствената сестра. Крис Џенер во нивното реално шоу откри дека на една своја сестра ѝ го украла големиот успех, во моментот кога ѝ бил пред нос.
Ким Кардашијан дефинитивно е најпопуларна сестра од кланот Кардашијан - Џенер. Ја има насекаде. Многуте обожаватели и луѓе кои се заинтересирани за нејзиниот живот ѝ помогнаа да биде таму каде што е денес. Популарноста ѝ оди од рака, бидејќи поради неа може да добие некои работи многу полесно од останатите, дури многу полесно отколку нејзините сопствени сестри.
Нејзината мајка, Крис Џенер во една епизода од нивното шоу раскажа ситуација во која Ким ѝ ја земала пред големата можност на Кендал. За мартовското издание на магазинот „Вог“, најпознатиот и највлијатен магазин на светот, на Кендал ѝ понудил да се најде на насловната страница. Голема можност и голема чест, но потоа настапила на сцена лошата среќа.
Крис раскажа дека ѝ се јавиле и дека морале да ја повлечат таа понуда, бдиејќи на насловната страница сепак ја сакале Ким, а не Кендал, пишува „Bustle“. Причина? Затоа што во тоа време настанала „фама“ поради врската на Ким и Пит Дејвидсон. Значи, тоа не е поради некаков успех кој го остварила во кариерата, туку поради популарноста. Таа поради врската стана многу побарана, па така и овој магазин посака да ја има на насловната страница. За жал, Кендал поради тоа остана без насловна. Ким призна дека обожава да биде на насловната страница на „Вог“ и дека никогаш не ѝ е доста. Меѓутоа, жал ѝ што Кендал поради неа останала без својата насловна.
фото: Принтскрин / Инстаграм