Напнато како на филм: ТикТок помеѓу два огна, рокот за продажба тече
Со недели трае тензијата поврзана со кинеската апликација ТикТок, чија забрана во САД ја иницираше Доналд Трамп, освен доколку не ја купи некоја американска фирма која ќе ја „контролира“ работата на апликацијата на тој пазар.
Американскиот претседател, во меѓувреме птосети дека 15 септември останува рокот до кој компанијата „БајтДенс“, во чие сопствеништво е ТикТок, мора да го продаде својот бизнис. Сепак, кинеските власти тоа го попречуваат тоа, бидејќи воведеа правило дека за одредени популарни апликации од Кина, мора да се побара дозвола за продажба.
„Нема да биде продолжен крајниот рок за ТикТок да биде или забранет или продаден на некоја американска фирма“ - рече Трамп вчера, а пренесува CBS.
Накратко, кинеската компанија се најде помеѓу „два огна“. Тоа значи дека „БајтДенс“ има само четири дена да постигне договор за продажбата, во спротивно, Американците повеќе нема да смеат да го користат популарниот ТикТок.