Наполнија 19 години: Како Маркус и Мартинус го прославија роденденот?
Маркус и Мартинус го прославија својот 19 - ти роденден во неделата, што традиционално привлече големо внимание од нивните обожаватели. Тие се потрудија и направија уредувања специјално за овој ден, надевајќи се дека момците ќе бидат активни на социјалните мрежи и ќе ги забележат!
Момците беа навистина активни, па објавија неколку честитки на своите сториња, како од познатите личности, така и од обожавателите. Ние веруваме дека обожавателите очекуваа многу повеќе од тоа и навистина се надеваме дека не останаа разочарани.
Знаејќи дека сечиј труд заслужува почит, Маркус и Мартинус решија да им се обратат на сите, па објавија две слатки фотографии! На едната ги гледаме како ги држат броевите 1 и 9, а на другата не навратија во нивното рано детство! Заедно со фотографиите имаше и коментар во кој тие велат: „Ви благодариме на сите за роденденските желби! Ве сакаме многу луѓе!“
Меѓу тоните коментари, неколку се особено интересни! Така се јавија Лиза и Лена и им рекоа дека тие се закон, а тука е и нивниот најдобар пријател од Србија, фудбалерот Лука Илиќ! Тој напиша: „Ви посакувам се најдобро, браќа! Среќен роденден."