Наполнивте 18 и подготвени сте да станете возач: На што треба да обрнете внимание при изборот на авто школа?
Денес поседувањето на автомобил не е луксуз во голема мера, туку е сосема нормална работа, нешто што во голема мера се подразбира.
Помеѓу младите, затоа денес постои тренд уште на 18 години да завршат со полагањето на возачкиот испит и да добијат возачка дозвола, бидејќи само на тој начин ќе може да возат автомобил. Но, доколку до почнувањето на часовите за возење немате седнато во автомобил, треба многу да внимавате при изборот на авто школата со која ќе полагата.
Во продолжение ви подаруваме неколку критериуми кои ви помогнат за полесно да го направите вашиот избор:
# Квалтетната информација е клучна
Брзата, вистинската и точната информација е многу важна, па важно е да се има во вистински момент. Помеѓу кругот на пријатели ќе имате можност да слушнете различни мислења, но и да добиете различни повратни информации кои може да ви бидат многу значајни. Сигурно некој од вашите роднини, пријатели или познаници во скоро време го полагал возачкиот испит. Прашајте го она што ве интересира - под кои услови го полагал, за предностите и недостатоците на кои наишол во таа авто школа.
# Сериозните авто школи поседуваат и квалитетни испитни центри
Соберете информации за испитниот центар, бидејќи таму точно се мери успехот на авто школата. Немојте да ве мрзи да го свртите телефонот во авто школата за да ги дознаете сите релевантни информации. Цената, прашањата за теоретското и практичното обучување се само некои од прашањата кои може да ги поставите. Сериозните авто школи со задоволство ќе ви излезат пресрет и преку телефон љубезно ќе ви одговорат на нив.
# Уверете се на лице место
Повторно немојте да ве мрзи да отидете на лице место и да се уверите за каква авто школа станува збор. Така од прва рака ќе ги добиете потребните информации кои се однесуваат за возниот парк, обиченоста на инструкторите и задоволството на кандидатите. Добриот инструктор не би смеел да пуши, да биде насилен, да спие, да користи пцовки, гласно да слуша музика, да чита весници и списани, да води долги разговори преку мобилен телефон, да си завршува други обврски освен обуката за возење, да ги присилува кандидатите на подароци, туку треба да биде одговорен, уреден, чесен, но и да поседува одлични технички познавања за возењето, но и интелектуални и физички способонсти. За подоцна да не го менувате инструкторот или авто школата потребно е да дознаете колкав е успехот на одредениот инстриктор/
# Не се согласувајте на просечност
За да придобијат кандидати поединечни авто школи целат кон лажни ветувања. Кај таквите авто школи можеме да наидеме на непримерно опремени простоии, па дури и помал фонд на часови. Не се согласувајте на тоа, бидејќи постојат строго пропишани правила кога е во прашање фондот на часови кои се потребни идниот возачот да ги извози за да стекне сигурност и на крајот успешно да го положи возачкиот испит. Просечноста и несериозноста во изборот на авто школата може да не доведе и до трагични последици.
# Избалансирајте ги вашите обврски со полагањето на возачки испит
Вашите приватни обврски избалансирајте ги со теоретската и практичната обука. Препораката на иснтрукторите е дека за полагање може да се одлучите дури кога вашите обрвските ќе ги избалансирате со обврските во авто школата.
# Вашето време е најдрагоцено
Ценето го вашето време, бидејќи доколку вие не го цените нема никој да го направи тоа за вас. Поради тоа, немојте да дозволите вашата обука да трае подолго од 60 дена. За подобро да ги испланирате своите обврски сами одберете си ги датумите за полагање во Испитниот центар.
# Не заборавајте на цената
Еден од клучните фактори е цената. Колкава ќе биде цената на обуката зависи од интензитетот и квалитетот на истата. Секоја авто школа мора да ги покрие своите трошоци. Меѓутоа, бидете многу внимателно доколку се случи некоја авто школа да ги нуди своите услуги по пониски цена. Тогаш, веројатно значи дека не вработува квалитетни инструктори. Доколку инструкторот е слабо платен ќе биде незадоволен, лошо ќе ви го пренесе знаењето, а вие нема да добиете ниту квалитетен инструктор, ниту сигурност.
# Обрнете внимание на традицијата
Времето на основање на авто школата и традицијата се многу важни во изборот. На основа на тоа и на основа поминатите кандидати, успешно ќе сфатите која авто школа има добра репутација, која ја поседуваат мал број на авто школи.
Извор: srbijadanas.rs