Направете нешто добро и не очекувајте награда за тоа: Најдобрите цитати на никогаш незаборавената принцеза Дајана

Направете нешто добро и не очекувајте награда за тоа: Најдобрите цитати на никогаш незаборавената принцеза Дајана

На 1 јули 1961 година, е родена принцезата Дајана Франсис Спенсер од Велс.

Дајана Спенсер беше ќерка на главниот коњаник на кралицата Елизабета Втора и никој не ни претпоставуваше дека може да стане британска принцеза која засекогаш ќе остане во срцата на луѓето ширум светот.

Откако се омажи за принцот од Велс, Чарлс, таа стана член на британското кралско семејство. Со синот на кралицата Елизабета имаше два сина, принцовите Вилијам и Хари. 

Активизмот и стилот на Дајана ја направија меѓународна икона и и донесоа трајна популарност, како и невидено внимание и контрола на јавноста, што резултираше со трагична смрт. 

По повод 60 години од раѓањето на Дајана се ​​потсетуваме на најпознатите цитати на легендарната, никогаш незаборавена, Лејди Ди:

- Направете нешто добро и не очекувајте награда за тоа, но верувајте дека еден ден некој ќе стори нешто слично за вас.

- Мислам дека најголемата болест на денешницата е чувството дека не сме сакани.

- Не играм според правилата. Моето срце, а не главата, ме води низ животот.

- Да се ​​биде принцеза не е она што сите мислат дека е.

- На крајот на денот, луѓето мислат дека мажот е единствениот начин на кој можете да се остварите. За мене, тоа отсекогаш било работата.

- Ако мажите раѓаа, никој немаше да има повеќе од едно дете.

- Велат дека е подобро да се биде сиромашен и среќен отколку богат и мизерен, но што е со компромис како умерено богат и расположен

- Најголемата болест овие денови и овој пат се луѓето кои се чувствуваат несакани.

- Најголемиот проблем во светот денес е нетолеранцијата. Секој е нетолерантен кон секого.

- Семејството е најважната работа на светот.


Фото: Beta AP/Guliver


Можеби ќе ве интересира: