Направи совршена есенска фотка за на Инстаграм: Неколку идеи со кои ќе собереш многу лајкови
Позирај, фотографирај, забавувај се и покажи им на сите дека си кралица на есента...
Длабоко сме навлезени во есента, а вашата последна објава на Инстаграм е од пред три месеци, кога безгрижно уживавте на море.
Знаеме дека имате многу училишни обврски, домашни задачи и учење, но Инстаграм не треба да трпи. Затоа, договорете се со вашата другарка уште овој викенд и организирајте ја вашата есенска фотосесија.
Еве неколку предлози за совршена есенска фотографија, со која сигурно ќе ги воодушевите вашите следбеници на Инстаграм:
# Искористи ги портокаловите и златни нијанси на листовите
Одете во парк, шума или под некое дрво, каде можете да пронајдете многу листови. Разбудете го детето во себе, насмевнете се, зграбете ги листовите, фрлете ги високо и оставете ги паднат на земја, додека вашата фотографка ќе ги овековечи овие сцени. Доколку пронајдете некој огромен лист, земете го во раце како да е лепеза, сокријте дел од своето лице со лице, оставете впечаток на мистериозност и суптилно фокусот ставете на вашата есенска комбинација.
# Оди на планинарење
Со искачување на планина или на некое повисоко место, ќе можете да уживате во фантастичниот поглед на есенскиот пејзаж. Дозволете ѝ на вашата пријателка да ви направи неколку фотографии на кои ќе се воодушевуваш од природата која те опкружува.
# Дајте им шанса на прекрасните тикви, со различни бои и форми
Ноќта на вештерките е, па така тикви има насекаде околу нас. Налетавте на еден куп тикви, тогаш побарајте од пријателката да ве фотографира додека ја одбираш токму онаа што ќе ја однесеш дома и ќе ја изрезбаш за најстрашната ноќ во годината.
# Ништо без костени
Собравте костени на прошетката во природа или едноставно ги купивте од уличен продавач. Со опис како „време е за костени“, ќе ги израдувате следбениците на Инстаграм со фотка на која уживате во плодовите на есента.
# Подготви есенски десерт со кој ќе се пофалиш
Многу сакате да готвите и добри сте во декорирањето на храна. Сте печеле колач од тиква или пита со јаболка. Што чекате и зошто уште не сте се пофалиле со тоа на Инстаграм? Може да направите селфи со пријателката, а потоа да уживате во деликатесите што сте ги подготвиле.
# Сакавте да се фотографите, но времето е лошо
Не дозволувајте ништо да ви го расипе денот, плановите или расположението. Ако имате гумени чизми, кабаница или чадор со откачени бои, подготвени сте за фотосесија на дожд. Уште подобро е и ако има густа магла. Замислете си една фотка од себе во далечина, како исчезнуваш во маглата, фотографија на која едвај ви се забележува лицето.
фото: unsplash.com