Нарциси, авантуристи или осамени души: Што вашиот профил на социјалните мрежи открива за вас?

Нарциси, авантуристи или осамени души: Што вашиот профил на социјалните мрежи открива за вас?

Дали сте знаеле дека вашите објави на Инстаграм и Фејсбук откриваат многу за вас? Што се крие зад совршените селфиња, фотографии од егзотични дестинации, фенси оброци?

Писхолошката студија која ја спроведоа научници од Хардвар, а која како тема го имаше однесувањето на социјалните мрежи, добиле многу интересно сознание...

# Селфиња

Личностите кои најчесто објавуваат селфиња во големиот број случаи се нарцизи, сметаат психолозите. Постојаното објавување на сопствени фотографии укажува на воодушевување на самиот себе, но и на недостатокот на социјален живот. Многу често се работи за осамени души на кои социјалните мрежи им се единствен пристап до социјалниот живот.

# Семејни фотографии

Ваквите фотографии најчесто се гледаат на профилите на луѓето кои се насочени исклучиво кон семејниот живот. За нив не постои ништо поважно од сопствениот микрокосмос, а уживањето во секојдневните авантури на семејството се извор на неизмерна среќа. Тоа се исполнети луѓе кои не се грижат за мислењето на остатокот од светот, сметаат научниците.

# Егзотични дестинации кои (не)ги ни посетиле

Доколку личноста често објавува фотографии од патувања, станува збор за авантуристи и личности со немирен дух. Доколку пак, се објавуваат фотографии од луксузни дестинации кои веќе ги има на интернет, психолозите сметаат дека станува збор за големо мечтаење. Овие личности уживаат во погледот на се што е убаво и со задоволство своите импресии ги споделуваат со другите.

# Црно - бели фотографии

Уметничките души и личностите кои сакаат да делуваат малку мистериозно најчесто објавуваат вакви фотографии. Често станува збор за личности кои веруваат дека се родени во погрешно време, позначајно им е минатото од сегашноста. Психолозите сметаат дека овие личности се најверојатно повлечени и меланхолични.

# Храна

Со една реченица - станува збор за хедонисти. Без разлика дали споделуваат фотографии од вкусни ребра или пак ремек - дела на современите кујни од некој фесни ресторан, овие луѓе уживаат во се што е убаво и превкусно.

# Видеа од теретана

Доколку не станува збор за професионален фитнес тренер, објавувањето на фотографии од теретана укажува на гордост. Овие личност се неверојатно задоволни од начинот на живот кој го водат, како и резултатите во вид на „плочки“ и затегнати мускули и затоа сакаат да ги покажат.

# Голема употреба на филтри

Сите сакаме на фотографиите да изгледаме убаво и природно, нокога ќе се претера со филтрите за разубавување се добива потполно спротивен ефект. Личностите кои ставаат филтри до мера да им се променат цртите на лицето најчесто се несигурни во себе и имаат проблем со стареењето.

# Бришење на постови со мал број на лајкови

Доколку ви е важно колку лајкови собрала вашата објава или фотографија, судејќи по се вие сте многу несигурни во себе. Барате одобрување и поддршка од личност која нејчесто многу малку или воопшто не ве познава, велат психолозите.

Можеби ќе ве интересира: