Нашминкајте се како ѕвездата од „Еуфорија“: Инспирација ѝ се супер моделите од 90-тите, а со еден производ е опседната

Нашминкајте се како ѕвездата од „Еуфорија“: Инспирација ѝ се супер моделите од 90-тите, а со еден производ е опседната

Објавена во: Мода // Moj стил

Алекса Деми од „Еуфорија“ сподели водич за „nude“ шминка од 90-тите, а нејзиниот изглед „мачкини очи“ нѐ поттикна да фатиме белешки...

Актерката Алекса Деми, која го глуми ликот на Меди Перез во популарната серија „Еуфорија“, за „Вог“ сподели сѐ за своето шминкање, каде откри многу повеќе од тоа како совршено да ставите ајлајнер.

Во видеото за „Вог“, Алекса Деми претстави гламурозен мејкап од 90-тите, а откри и некои корисни тајни поврзани со убавината.

„Мислам дека мојот лик во серијата е како возвишена верзија на мојата шминка од средношколските денови“ - кажа Деми, додека нѐ водеше низ нејзината рутина, инспирирана од 90-тите.

Во серијата може да се забележи дека може да износи буквално секаков мејкап, од веѓи со циркони до ајлајнер инспириран од пламен.

Љубовта кон шминкањето и негувањето, практично и е во крвта, бидејќи нејзината мајка работела во MAC како шминкерка, а актерката од неа научила многу повеќе од неколку деловни тајни.

„Целиот живот само слушав: Измиј го лицето, измиј го лицето“ - Деми се потсети на постојаните забелешки од мајка ѝ дека треба да грижи за кожата, што очигледно е дека денес се исплати.

По брзото чистење, Алекса нанесува хидратантен серум за правилно да го хидрира своето лице. Потоа долго време ги блендира пудрата и коректерот, кои освен на подочњаците, ги нанесува и на капаците за да ги подготви за сенката.

Потоа го сетира подрачјето под очите за да ги избегне остатоците од сенката да ѝ паѓаат на направениот тен, а потоа нанесува кафеава сенка која ја нанесува долго време. На подвижниот дел од очниот капак нанесува златна сенка со малку светки, додека под веѓите со хајлајтер создава илузија на подигнати очи.

Со маркер за ајлајнер го извлекува првото крило, така што оди по работ на сенката, а потоа ја исполнува целата горна водна линија на очниот капак. За да ја избрише и најмалата грешка, таа користи стапче за уши и ја преминува долната линија на крилјата на ајлајнерот. 

Секако, ниту еден мејкап изглед од 90-тите не е комплетен без супер дефинирани усни, кои Алекса ги усовршува со години. Таа користи две различни нијанси на кафена боја, по што следи кармин во праска „nude“ нијанси, како и светло-кафеав сјај. 

„Секогаш ме привлекувале супермоделите и едиторијалите од 90-тите“ - вели таа, нанесувајќи го вториот сјај.

Последниот чекор е гелот за веѓи и маскарата со која ги продолжува трепките. 

„Опседната сум со маскарата“ - признава актерката, поминувајќи со четкичката преку трепките.

Во видеото во продолжение погледнете го крајниот резултат на актерката: 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: