Наскоро ќе пристигнат нови емотикони: Во фокус се срцињата кои конечно ќе ги добиеме во нови бои (ФОТО)

Наскоро ќе пристигнат нови емотикони: Во фокус се срцињата кои конечно ќе ги добиеме во нови бои (ФОТО)

Кој од вас ќе користи сиво срце?

Новите емотикони наскоро ќе ни станат достапни! Доаѓаат некои одлични, кои сигурно ќе ги користиме постојано, а ќе бидат достапни со најновото ажурирање на софтверите Android или iOS!

Неодамна беше одржан Светскиот ден на емотиконите. Токму поради неговото одбележување, „Emojipedia“ објави листа на нови емотикони кои не очекуваат и тоа со новиот софтвер под ознака 15.0 за Android и iOS уредите. Во тоа ново издание ќе добиеме 31 емотикон, што претставува голема разлика во однос на софтверот 14.0, кој имаше дури повеќе од 100.

Но, можеме да се задоволиме и со овие кои сепак ќе ги добиеме, бидејќи некои од нив сме сигурни дека секојдневно ќе ги користиме. Така, во новиот пакет ќе пристигнат и срцињата во нови бои, а во прашање се розовата, сивата и бејби сината. Освен срцињата, ќе пристигнат и некои други емотикони, а кои се тие, погледнете на фотографијата во продолжение:

фото: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира: