Наследничката на Карлеуша воодушеви со новите фотки: На социјалните мрежи ја следат 125.000 луѓе
Убавица, во секоја смисла на зборот....
Атина Тошиќ е постарата ќерка на Јелена Карлеуша, а како што изгледа, таа е на добар пат за неколку години на социјалните мрежи да ја престигне познатата мајка.
Имено, иако има само 12 години, оваа преубава девојка на Инстаграм и ТикТок веќе има околу 125.000 следбеници, а многу модни куќи кои се занимаваат со облеката за девојчиња и тинејџерки сакаат токму таа да ги рекламира.
На новите фотографии Атина позира во фармерки и патики, а гордиот татко Душко Тошиќ ѝ напиша краток коментар:
„Убавица на тато“.
Јелена неодамна за српски Телеграф истакна дека сето она што го научила од нејзината покојна мајка, Дивна Карлеуша, сега го пренесува на своите наследнички - Атина и помладата Ника.
„Атина не знае дали ќе биде одбојкарка, танчерка, манекенка, актерка... сѐ сака, исто како мама“ - раскажа своевремено Јелена.