„Наследничката“ на Лепа Лукиќ сепак не стана нејзина наследничка: Еве што прави денес девојката од песната на српската кралица на народната музика
„Бриши, бриши сузе са лица, ја сам твоја наследница“, пеела малата Ивана во деведесетите, но судбината сакала поинаку...
Во текот на деведесетите беа снимени многу песни кои и денес се пеат и нема да бидат заборавени, а еден од најголемите хитови беше песната на Лепа Лукиќ во која пејачката ја претстави младата надеж на народната музика.
Песната „Наследница“ објавена во 1994 година привлече големо внимание кај регионалната јавност и брзо стана хит, а покрај Лепа Лукиќ пееше девојката Ивана Ѓорѓевиќ.
Сите ѝ предвидуваа голема музичка кариера, а во тоа имаше поддршка од кралицата на српската народна музика, како што често ја нарекуваат Лепа.
- Не знам дали има девојки посреќни од мене што кралицата на народната музика Лепа Лукиќ ме прогласи за нејзина наследничка, а тоа докажува дека тетка Лепа не е зла или љубоморна жена - рече тогаш Ивана.
Како што објасни, одлично се снаоѓа во различни жанрови, но повеќе ја сака музиката на Лепа Лукиќ.
- Сакам да ги пеам овие помодерни песни, но повеќе сакам стари, авторски песни, ги сакам двата вида - истакна таа.
Сепак, Ивана не остана долго на сцената: постепено се повлекуваше и настапуваше само одвреме-навреме. Како што е познато, меѓу нејзините последни настапи беше оној на плоштадот во Старчево, за дочекот на Новата 2005 година.
После тоа таа реши да се повлече од светот на музиката, а медиумите пред неколку години објавија дека таа сега е сопственичка на фризерски салон во Опово.
извор:GLOSSY