Настаната е во 20 век, а денес е најслушаната песна на Интернет!
"Bohemian Rhapsody" од култната група "Queen" според податоците на дискографската куќа "Universal Music Group" е најслушана песна на интернет. Иако мислеле дека никогаш нема добро да се продава бидејќи првобитната верзија траела дури седум минути, се покажало сосема спротивнотo. Тоа го докажува и фактот дека видеозаписот за песната е прегледан дури 1,6 милијарди пати. Инаку песната која е објавена во 1975 година и тогаш често се пуштала по радио станиците ширум светот, а неодамна повторно го привлече вниманието на јавноста поради истоимениот филм.
Во продолжение погледнете го видеозаписот за хитот на 20 век.