НАСТАВА НА ОТВОРЕНО: Училиштата во Америка се подготвуваат, купуваат дури и шатори

НАСТАВА НА ОТВОРЕНО: Училиштата во Америка се подготвуваат, купуваат дури и шатори

Објавена во: Совети // School zone

Американските училишта поради пандемијата се подготвуваат за настава на отворено, купуваат и шатори...

Многу градби на училиштата во Америка лошо се проветруваат што ја зголемува опасноста од коронавирусот, а учебната година во некои од нив почнува овој месец.

По седум години, колку што е расипан централниот уред за вентилација во едно средно училиште во Њујорк, каде што предава Лиза Фицџералд Оконор, а новата учебна година се наближува и тоа преде пандемија, таа и нејзините колеги се закануваат дека нема да дојдат на работа, доколку тоа не се поправи.

Училиштата ширум САД имаат слични проблеми - стара климатизација и греење, вентилација која не работи добро, а одложувањето и замената се одлужувани поради малите буџети на училиштата.

Затоа во некои места, дури и во ладните краеви на САД, се планира изведување на настава на отворени, поради здравјето на учениците и наставниците.

Проценето е дека 41% од училиштата ширум САД треба да се модернизираат или да се замени системот на греење, вентилацијата и ладењето во најмалку половина училишта, се наведува во извештајот објавен во јуни.

„Нема докази дека виросот Ковид - 19 може да се прошири низ системите за вентилација од една училница во друга“ - вели доктор Едвард Нардел, професор на Медицинскиот универзитет Харвард, кој се специјализирал за пренесување на болести низ воздух.

Според него, опасност претставуваат неефикасните системи за вентилација кои не ги отстрануваат вирусите што лебдат, туку тие се задржуваат во училниците, доколку со дишење, кивање или пак кашлање ги исфрли некоја личност.

Голем број од училишните градби се проектирани за удобност, а не за сузбивање на инфекции. Па, доколку ставите 20 деца во иста соба, а некој од нив има асимптоматски ковид и е заразен, постои опасност дека ќе ги зарази останатите 19 деца“ - вели Нардел.

Иако здравите деца секогаш лесно се опоравуваат од коронавирусот, тие истиот може да им го пренесат на наставниците, родителите и другите.

Нардел смета дека училиштата би требало да размислат за поставување на ултравиолетово светло на плафоните на училниците, што се користело и во 50 - тите за борба против сипаници, туберкулоза и други болести кои се пренесувале низ воздухот, а и понатаму се користи во болниците и засолништата за бездомници. Вирусите и бактериите се уништуваат со помош на УВ светлината која е безбедна за луѓето. 

Некои, вклучувајќи ја и секретарката за образование Бетси Девос, вели дека решение би можело да биде наставата на отворено, што се применувало во периодот кога имало епидемија на туберкулоза и грип во раните 1900 - ти, дури и кога било зима. Коронавирусот помалку се шири надвор и лесно би можеле да се организираат децата да седат на два метри растојание.

Неколку училишта на североистокот на САД веќе купиле големи шатори за свадби и планираат да ги употребат за настава на отворено до ноември.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: