Наставата во училиштата нема да продолжи во скоро време: Платформата ЕДУИНО ќе биде замена
Едуино е првата национална платформа за далечинско учење која ја вoведува Владата, со цел непречено да продолжи наставата.
„Препорачуваме унифицирана платформа, која ја изработува Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, а ќе може да се применува веќе од утре. Ние примерот го презедовме од Хрватска. Платформата ќе нуди видео-лекции по сите задолжителни предмети, кој ќе траат по 15 минути и ќе бидат придружени со презентација и објаснување од страна на наставник или наставничка кои ќе се пријават за оваа цел. Веќе се пријавени околу 600 наставници. За жал наставата во училишните клупи нема да продолжи во скоро време, но нема да оставиме годината да пропадне. Линкот до првата национална унифицирана платформа е www.eduino.gov.mk“ - изјави министерот за образование Арбер Адеми.