Наставничка избркала ученичка од час поради изборот на облека, таткото збеснал: Кој е во право?

Наставничка избркала ученичка од час поради изборот на облека, таткото збеснал: Кој е во право?

Објавена во: Совети // School zone

12 - годишна ученичка била испратена дома откако наставничката ѝ посочила дека таа и нејзиниот колега се чувствувале непријатно поради стајлингот кој го носела.

Наставничката оценила дека ученичката избрала „несоодветна комбинација за на училиште“, па ја испратила на разговор со директорот, а потоа директно дома.

Таткото на девојчето не го сокрил гневот кога ја дознал причината зошто неговата ќерка е вратена од училиште.

„Карис на училиште замина во црн фустан до колена, што го носеше над бела ролка со долги ракави. Што е несоодветно тука?“ - прокоментира видно вознемирениот татко на социјалните мрежи.

Тој додаде дека неговата ќерка по, како што оцени тој, понижувачкиот инцидент се вратила дома во солзи.

„Прилично сум вознемирен за тоа што се случи“ - посочи лутиот татко.

„Не можам ни да објаснам колку е разочарувачки што во 2021 година, една наставничка прекори ученик и му посочи дека она што го носи ги тера луѓето да се чувствуваат непријатно.“

Видеото на гневниот татко на Фејсбук има повеќе од 79.000 прегледи и собра повеќе од 700 коментари. Многумина од оние кои ја погледнаа фотографијата од контроверзната комбинација на девојчето се огорчени.

Што мислите, дали девојчето навистина било несоодветно облечено за на училиште или наставничката претерала со сето тоа? 


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: