Наставничка со генијален трик: Ги контролира децата дали мијат раце

Наставничка со генијален трик: Ги контролира децата дали мијат раце

Објавена во: Совети // School zone

Со ширењето на коронавирусот се настојува да се рашири свеста како кај возрасните, така и кај децата за одржување на личната хигиена...

Најважната мерка за превенција од коронавирусот е деталното миење на рацете во траење од 20 секунди.

Децата, пак, не можат на вистински начин да ја разберат важноста на миењето на рацете, па една наставнична на ученици од трето одделение се сетила на прилично одлична идеја за да се увери дека децата за време на престојот во училиште редовно ги мијат рацето.

Шаун Вудс од Мисиру добила идеја на децата на горната страна од дланката секое утро да им става по еден печат со нејзиното презиме, кој инаку се користи како потпис.


Идејата и била, доколку во текот на денот децата детално ги мијат рацете, печатот ќе се избрише.

Децата кои до крајот од денот потполно го тргнат печатот од раката добиваат награда.

Шаун овој трик го споделила на Фејсбук, а истиот е споделен над 85 илјади пати. Многу наставници коментираа дека се во оваа генијална идеја и дека и тие ќе го пробаат да го применуваат овој трик.

„Во училницата 505 правиме се, за да се заштитиме од бактериите и вирусите.“ - напиша наставничката покрај фотографиите.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: