Наставниците се збогуваат со учениците во Кабул: Стравуваат дека Талибанците ќе им забранат на девојчињата да се школуваат

Наставниците се збогуваат со учениците во Кабул: Стравуваат дека Талибанците ќе им забранат на девојчињата да се школуваат

Објавена во: Живот // Живот

Фрапантна фотографија на ученик од училиште во Авганистан стана вирална на социјалните мрежи, но од една тажна причина.

Откако Талибанците го освоија Кабул и цел Авганистан, кај жителите настана страв од тоа што ќе се случи со нив, а особено со жените и децата. Талибанците претходно им забрануваа на девојчиња постари од 10 години да одат на училиште, поради што се стравува дека овој пат нема да биде поинаку.

Шабнам Насими од Авганистан објави фотографија на Твитер, објаснувајќи како наставниците се збогуваат од ученичките, откако Талибанците ја вратија контролата врз земјата.

„Фотографија од училиште во Авганистан што беше затворено поради безбедносни проблеми. Сепак, учениците беа среќни. Наставниците се збогуваа со учениците, на кои повеќе нема да им биде дозволено да одат на училиште. Зачудувачки беспомошно чувство“ - напиша таа на Твитер.


Во Авганистан, постои можност жените да одат на училиште повеќе од една деценија откако Талибанците беа соборени со помош на меѓународна воена помош.

Кога милитантите последен пат беа на власт, на жените им беше ускратено образованието и практично беа „избришани од граѓанскиот живот“.

На жените не им беше дозволено да ја напуштат куќата, освен ако немаа машка придружба и беа осудени на живот само во рамките на домот.

Се стравува дека ова ќе се врати откако Талибанците ќе ја вратат контролата врз земјата.

Додека Талибанците ја преземаа власта, виралните фотографии на пркосни девојки што одеа на училиште ја покажаа нивната надеж дека овој пат може да биде поинаку.

Сепак, експертите не се оптимисти.

„Видов видео во кое една жена им кажува на сите да се вратат на работа и часови. Но, кој ви гарантира дека девојчињата што одат на училиште ќе бидат безбедни таму, дека Талибанците нема да дојдат?“ - праша Паштана Дурани, основач на доброволната организација за образование во Авганистан.

Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, уште во мај изјави дека ќе донесе закони што ќе им овозможат на „жените да придонесат за земјата во мирна и заштитена средина“.

Сепак, Дурани вели дека Талибанците, наводно, веќе им наредиле на жените во една канцеларија да си заминат и дека мажите ќе ги заменат.

Жените од Авганистан зборуваа за стравот од живот под Талибанците, а многумина се сеќаваат како беше порано под нивна власт. Имено, за време на владеењето на Талибанците од 90-тите до 2000-тите години, на девојчињата им беше забрането да одат на училиште, а жените беа принудени да носат бурка.

Семејствата раселени во Кабул од северна Тахара за агенцијата АП изјавија дека Талибанците тепале некои жени кои носеле „отворени сандали“, додека беше објавено дека групата минатата недела испраќала жени дома од работа и универзитети во други области.

Покрај насилството врз жените, Талибанците имаа строги казни за криминалците за време на претходното владеење, вклучувајќи ампутација, каменување и јавно погубување.

фото: Tanjug/AP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: