Наставниците во училиште во Шпанија доаѓаат во здолништа: Причината е навистина посебна
Наставниците во улилиштето„Virgen de Sacedon“ во Валадолид, Шпанија, Мануел Ортега и Борја Велазкез на почетокот на мај одлучија на часовите да одат во здолништа.
Причината за тоа е неодамнешното малтретирање на еден ученик поради неговата маица, која имала мотиви на јапонските аниме карикатури. Момчето било жртва на хомофобични навреди, а на крајот морало да го соблече тоа парче облека за да се престане со малтретирањето, пишува Bored Panda.
Un cole que educa en el respeto, la diversidad, la coeducaión y la tolerancia. ¡Vístete como quieras! Nos sumamos a la inicitiva #LaRopaNoTieneGénero @CEIPVdeSacedon @educacyl @cfievalladolid @FTriangulo @fecylgtb pic.twitter.com/GgnoejXe2N
— Borja Velázquez (@borjamusico) April 29, 2021
Ортега и Велазкез се дел од движењето „Clothes Have No Gender“ (во превод: „облеката нема пол“), кое својот врв го достигна кон крајот на минатата година, но неодамна повторно започна да го привлекува вниманието. Идејата која стои зад ова движење е да се промовира толеранцијата, почитта и разновидноста.
Наставниците сакале да им укажат на децата дека зборовите болат и дека е време за промена, посочија за „El Pais“, најчитаниот шански онлјан весник. Помеѓу останатото, тие учат дека е во ред момчињата да готват, а девојчињата да покажуваат интерес за фудбал.
Manuel Ortega escuchó en su aula un insulto homófobo hacia un chaval que llevaba una sudadera con dibujos manga. El menor agachó la cabeza y se la acabó quitando. Al día siguiente, el maestro vino al centro vistiendo una falda https://t.co/5wyLQqc1pG
Минатата година еден средношколец во Билбао беше избркан од час, затоа што носел здолниште, а тоа резултираше со тоа што многу професори и учениците подоцна носеа спорни парчиња облека во училиштето во знак на протест.
Estos son mis amigos. Hoy fueron al insti con estas faldas y al llegar les llamo el instituto porque ‘les pareció una falta de respeto y de educación ‘ Los putos profesores no tnen porque criticar lo q lleven y llevemos puesto. Difundir #LaRopaNoTieneGenero osquierotios pic.twitter.com/YlBczn2zOW
— marinaa (@haaysssss) November 4, 2020