Наставник пред да замине во пензија порача: Најголеми непријатели на децата се нивните преамбициозни родители
Звучи неверојатно, но овој наставник кој ќе замине во пензија и кој со децении е омилен кај своите ученици, во исто време не сакал да оди во училиште.
Доколку татко му успеавал со сила да го однесе во училиште, тој бегал низ прозор. Играл само фудбал, се до ладните октомвриски денови. Еден ден наставникот Бранко Савиќ го повикал во училницата да се згрее.
„Јас влегов, но не сакав да седнам во клупа, туку само покрај печката. Наставникот Бранко читаше приказни, праша кој би знаел да прераскаже, никој не се јави. Јас кренав рака, ја прераскажав приказната и училот Бранко ме награди со голема петка. Така останав во училиште, никогаш немав изостаноци, но првото тромесечие останав неоценет. Затоа на крајот на првото полугодие ми беа сите петки“ - се потсетува Хаџириќ.
Од тој ден никогаш немал проблеми со училиштето. Завршил основно и средно училиште, но и Педагошки факулет. Во годините по војната се преселил во Маглај и таму се вратил во Првото основно училиште, а до тогаш работел во Сребреница, Сараево и многу други места и градови.
„Должноста на наставникот е на децата да им ја всади љубовта кон училиштето. Детето треба да се разбуди среќно што тој ден ќе оди на училиште. Тоа е успехот на наставникот, но за жал, денес не е така“ - раскажува тој.
Одлични ученици се оние кои родителите ги раснат со позитивни приказни за училиштето и наставниците. Но, денес оние кои се образуваат се мета на вербалните напади на родителите.
„Еден познат педагог рекол дека најголемите непријатели на детето се неговите преамбициозни родители. Сакаат само петки, иако детето не може да го постигне тоа, само тоа ги интересира, а не и знаењето кое детето треба да го добие.“ - нагласи наставникот.
Извор: zosradio.ba