Научи да ги читаш неговите мали знаци на љубов: 8 емотикони кои ги испраќа доколку му се допаѓаш
Кои емотикони кажуваат повеќе од илјада зборови?
Момците често не знаат со зборови да ги изразат своите емоции, но затоа знаат да користат емотикони. Во продолжение дознај што всушност значат емотиконите кои ти ги испраќа момчето или симпатијата.
Во светот на допишувањето и социјалните мрежи, зборовите одамна се заменети со кратенки, а емоциите со емотикони. И додека тоа обично ни штеди многу време при пишувањето, понекогаш е тешко да се дефинира што сакал некој да ти каже употребувајќи некој одреден емотикон. Ние сме тука да понудиме решение за тој проблем. Во продолжение е ултимативниот речник на љубовните емотикони и нивните значења.
# Ангел
Овој емотикон изгледа слатко и невино, но значењето му е сосема спротивно. Момците често го користат кога сакаат да флертуваат. Обично го користат по дрска шега, кога сакаат да остават впечаток дека се добри момци кои имаат малку злобна страна. Доколку момчето често ти ги испраќа со тоа ти дава до знаење дека сака да излезе од пријателската зона.
# Опуштена насмевка
Значењето на овој емотикон зависи од контекстот. Момчето обично го користи кога сака да каже дека си му важна и како одговор на некоја твоја анегдота. Овој емотикон исто така значи опуштеност и мир. Честата употреба на овој емотикон обично значи дека е опуштен во твое друштво и дека е подготвен да се отвори.
# Срциња на очите
Овој емотикон е начин на кој срамежливите момци покажуваат дека се заљубени. Доколку твојата симпатија го користи премногу често и во разни контексти, тоа значи дека чувствува нешто посебно кон тебе.
# Бакнеж
Момчето обично нема на глас да признае дека му се допаѓаш и дека сака нешто повеќе од пријателство, но доколку тоа навистина сака да го покаже, ќе пронајде начин. Еден од начините е испраќањето на бакнежи. Со овие емотикони момчето сака да ти покаже дека му се допаѓаш, но сепак сака да биде суптилен во врска со тоа. Пробај да влезеш во перспективата на момците: дали некогаш би го испратила овој емотикон доколку ги гледаш само како пријатели?
# Насмевка на страна
Овој емотикон е сличен на ангелот, момчето го користи кога сака да флертува. Кога ќе ти ја испрати оваа насмевка, неговата порака обично има преносно значење, а на тебе е да откриш што тој всушност сака да ти каже.
# Мајмунче со рацете на очи
Ова мајмунче всушност симболизира срамежливост и нервоза која момчето ја чувствува кога разговара со тебе. Можеби ќе ти го испрати овој емотикон кога ти дава комплимент или те кани на состанок. Каква и да е приликата, со него истакнува дека му значиш и дека му е важно твоето мислење за него.
# Намигнување
Момците обично го користат овој емотикон кога скааат да испаднат заводливи. Исто како и кај насмевката на страна, момците го користат кога се шегуваат, па потребно е да се дешифрира скриеното значење кое симпатијата сака да ти даде со овој емотикон.
# Срце
Секако, срцето е еден од најдобрите емотикони со кои момчето може да ти даде до знаење дека му се допаѓаш. Може да ти испрати срце како одговор на посебно слатка порака која си му ја испратила или може да ти одговори на твоето стори на Инстаграм со овој емотикон. Како и да е, срцето е јасен знак дека сака нешто повеќе од пријателство. Колку почесто го испраќа овој емотикон, толку неговата заљубеност е поочигледна.