Научија знаковен јазик: Глув човек посвои глуво куче

Научија знаковен јазик: Глув човек посвои глуво куче

Објавена во: Совети // Другарство

Луѓето стануваат се повеќе свесни за важноста на посвојувањето кучиња, наместо да ги купуваат од продавници и одгледувачи, а многумина се фасцинирани од идејата да го спасат своето идно милениче од засолништето во кое престојува и да му подарат многу љубов и грижа.


Сепак, многу луѓе избегнуваат стари или хендикепирани кучиња, бидејќи истите бараат огромна одговорност и посветеност, без да знаат дека тоа може да биде уште поголем чин на љубезност.

31 - годишниот маж од Мејн, Ник Абот, кој е роден глув, реши да го посвои Емерсон, куче кое е исто така глуво. Кучето било спасено од засолништето во Флорида кога имало само месец и половина, со помош на песоналот во НФР Мејн.

Како што објаснува НФР Мејн, Емерсон имал тешко минато, бидејќи откако бил пронајден на учиците со своите браќа и сестри, тој почнал да има напади. Откако бил хоспитализиран, на Емерсон му било констатирано дека го има случајот парво, што е многу заразно вирусно заболување кое може да се јави како цревна или срцева форма.

Линдзи Пауерс од НФР Мејн изјави дека откриле дека неговиот слух бил нарушен откако се вратил од ветеринар. Сепак, тие не знаеле дали е роден со инвалидитет или имал несреќа кога бил мал.


Таа го споделила на социјалните мрежи, надевајќи се дека некое добро семејство ќе биде заинтересирано и за неколку недели Абот се пријавил за да го земе кученцето.

Тој ги информирал дека и тој е глув, па верувал дека двајцата би можеле да се поврзат и за помалку од 24 часа постапката за посвојување била завршена.

Врската помеѓу нив била моментална, а мајката на Ник подоцна изјави дека им било судено да бидат заедно. Ник започнал го предава својот знаковен јазин на кучињата, започнувајќи со едноставни команди, како што се седи, дојди овде и легни, а Емерсон лае секој пат кога Ник го допира увото.

По посвојувањето, Абот направи заеднички профил на Инстаграм со Емерсон, каде ги споделува фотографиите од нивните авантури, новите научени трикови и ажурирање од нивниот нов заеднички живот како „две глуви момчиња и нивните авантури!“ 

Оваа неверојатна приказна испирира многу луѓе за да посвојат милениче со хендикеп, како Ник, кој го најде својот најдобар пријател.

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: