Научниците го продолжија периодот на адолесценција: До кога сме тинејџери?
Дали на 24-годишна возраст може да се квалификуваш како тинејџер? Како што пренесува лондонскиот „Гардијан“, според мислењето на австралиските научниците кои ги објавија основните резултати од истражувањата во Кралската детска болница во Лондон, може.
Тие на основа на добиените резултати, традиционалниот период на адолесценција, која се дефинира од 10 до 19 години, го продолжија до 24 години. Младите до 24 години во иднина ќе бидат тинејџери, иако во зборот кој ја означува нивната возраст го нема зборот „тин“ (teen).
Идејата за да се продолжи адолесценцијата не е нова во науката, бидејќи минатата година списанието „Развој на децата“ утврди дека современите тинејџери многу помалку се вклучени во работите преку кои би можеле да се сметаат како возрасни личности, за разлика од генерациите пред 20 - тина години.