Научниците потврдија: Гледањето на божиќни филмови е добро за здравје
Божиќните филмови се неизоставен дел од секоја божиќна атмосфера, а научниците сега дојдоа до заклучок дека гледањето филмови со оваа тематика има позитивно влијае на нашето здравје...
Гледањето божиќни филмови, освен што моментално ни го поправа расположението, има и долгорочно влијание на нашето здравје, пишува „Her“. Имено, научниците дојдоа до заклучок дека гледањето на овие филмови поттикнува нашето тело да испушта допамин, односно хормон на среќа поради кој се чувствуваме многу подобро и растеретено.
„Божиќните филмови помалку не одалечуваат од нашите реалности и рутини,а тоа на нашето тело му испраќа сигнали дека нешто се променило. Но, нашиот мозок таквата промена ја перцепира како позитивна, па и веднаш го зголемува испуштањето на позитивни хормони“ - зборуваат психолозите.
Долгорочната позитива за нашето здравје која ја носат божиќните филмови е намалувањето на стресот и анксиозноста, кои се сѐ почести појави во модерниот свет.
Причината зошто божиќните филмови поттикнуваат нашето тело да ги испушта хормонот на среќа и ја намалува анксионозноста е тој што секогаш изобилува со добри емоции, љубов, смеа и слично, бидејќи секогаш имаат среќен крај.
Исто така, божиќните филмови ги гледаме во периодот кога владее новогодишната еуфорија.
фото: Принтскрин / Јутјуб