Научниците потврдуваат: Во животот можеш да имаш само 5 најдобри пријатели
Доколку сонуваше дека би ти било убаво да си дел од Tay's Girl Squad, можеш слободно да престанеп. Научниците утврдија дека во животот можеш да имаш најмногу 5 најдобри пријатели, што ја доведува во прашање блискоста и вистинското пријателство на големата дружина на Тејлор Свифт.
Како што пренесува „MIT Tehnology Review“ ова е заклучено на основа на едно истражување на човечките односи. Се започнало во 90 - тите години, кога антроплогот Робин Данбар сфатил дека постои врска помеѓу големината на мозокот на приматите и заедницата во која живееле. Логиката е едноставна - колку е поголем мозокот, поголема е социјалната група!
На основа на ова Данбар заклучил дека според големината на нашиот мозок сме способни во животот да имаме најмногу 5 најдобри пријатели, 10 блиски пријатели, 35 познаници и 100 површни контакти.
Доколку мислевте дека овој научник самоиницијативно ги напишал овие бројки, ќе ве равувери фактот дека тој своето тврдење го проверил. Робин прегледал 6 милијарда телефонски повици, кои ги направиле околу 35 милиони луѓе во неименувани европски држава, а резултатите покажале дека сите тие разговарале само со 4,1 до 5 исти луѓе најчесто.
Се прашуваме кој му дозволил да ги прегледа туѓите листи, но сигурно за потребите на науката е дозволено се. Сепак, можеби тој е во право. Што мислите вие?