Навистина ја разгалува: Момчето на Анастасија Ражнатовиќ со една одлука реши да ѝ приреди живот од соништата
Анастасија неодамна започна заеднички живот со своето момче Ѓорѓе, кое максимално се труди да ѝ удоволи, па овој пат за неа ангажираше и куќна помошничка...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, неодамна се всели со своето момче Ѓорѓе Куљиќ во луксузен стан во елитниот дел на Белград.
Додека Ѓорѓе беше во Америка, Анастасија се трудеше да среди повеќе детали за да можат да го започнат заедничкиот живот, а како што пишуваа медиумите, за луксузниот дуплекс платиле околу 750.000 евра.
Соседите на музичката ѕвезда неодамна кажаа дека се изненадени колку таа е непосредна, додека нејзиното момче го опишуваат како серизен тип кој скоро секогаш зборува на телефон.
Освен тоа, наведоа дека шоферот ѝ помага на Анастасија околу ќесите по шопинг, како и дека нејзиното момче Ѓорѓе е постојано со телефонот во рака поради деловните обврски.
Дека Ѓорѓе навистина се труди за Анастасија максимално да ужива, докажува и неговата новодонесена одлука, а се однесува на нивниот заеднички живот.
Имено, бизнисменот најмил куќна помошничка која ќе чисти, пере, оди во набавки, ќе подготвува ручек, пишува „Блиц“.
„На Анастасија останува само да ужива и да се дотерува. Кога нема деловни обврски, таа ужива, гледа филмови, излегува со другарките“ - вели извор близок до двојката за „Свет“.
„Ѓорѓе ја разгали, не бара од неа ниту да готви, ниту да пегла, само да биде насмеана кога ќе се врати дома, а тој плаќа луѓе кои го завршуваат сето тоа“ - додаде споменатиот извор.