Наводно од тука ја добил идејата: Што се зборува во филмот кој момчето убиец го гледал неколку пати и од кој бил воодушевен?
Коста К., инспирацијата за морничавото злосторство наводно ја пронашол во документарецот кој го гледал неколку пати, па сопствената мајка ја поистоветувал со мајката на криминалецот...
Во српските медиуми, протече веста, дека за време на првите разговори на социјалната служба со Коста К. (14), момчето кое изврши громорозното злосторство во училиштето Врачар, било воодушевено од криминални серии, но и документарци за масовни убиства, кои ги гледал по неколку пати.
Според изворите, тој неколку пати го гледал филмот „Американска трагедија“ во кој се гледа како страдаат мајките на жртвите, но и како страда мајката на убиецот, поради она што нејзиното дете го направило. Коста дури во еден момент изјавил дека сакал мајките на неговите другари да страдаат, како и неговата мајка, неофицијално дознава „Курир“.
За што се зборува во филмот „Американска трагедија“?
Пред 24 години, на 20 април 1999 година, двајца матуранти упаднала во средното училиште „Columbine High“ и убиле 13 луѓе. Убијците, Ерик Харис и Дилан Клиболд, потоа извршиле самоубиство.
Овој настан означил пораст на огнените напади во училиштата и имало многу прашања по масакрот, од кои некои се однесувале и на родителите на убијците. Како можеле да не забележат дека нивните деца планираат напад? Овој документарец се обиде да одговори на некои од тие прашања - фокусирајќи се на Сју Клеболд, мајката на еден од убијците - Дилан. За споредба, се поставуваат прашања кои лекции би требало да ги научат Американците од оваа трагедија.
„Во тие први месеци, бев толку збунета и толку ми беше скршено срцето и не чувствував никаква вина затоа што само се обидував да сфатам што се случило, како мојот син стигнал таму, затоа тшо јас упорно порекував дека тој воопшто бил таму. Затоа што Дилан кој го сакав и познавав не би направил такво нешто. Беше љубезен и забавен. Не чувствував вина, само срцето ми беше скршено, и се чувствував понижено и тероризирано од сета омраза што беше фрлена врз нас“ - изјави Сју, 20 години по немилиот настан.
„Она што го дознав од конечниот полициски извештај е дека сè било испланирано, дека тој бил подготвен учесник, дека нивната деца била да ги убијат сите во училиштето. Се сеќавам дека тогаш ми се слоши физички. Се сеќавам дека станав и се обидов да одлучам дали да истрачам од полициската станица или не. Тоа навистина беше... Ме стави во режим на летање. Едвај се справив со она што го слушнав, така што беше шок и ме натера да срушам сè за што се држев до тогаш и да го започнам процесот на тагување од почеток. Затоа што луѓето мојот син го нарекуваа чудовиште и за првпат сфатив колку навистина е монструозно она што го направи“ - додаде таа.
Сју се осврна и на фактот дека не е во ред да се обвинува само еден фактор за ваквите трагедии.
„Со текот на годините, сфатив дека ако сакаме да разбереме како се случуваат вакви трагедии, никогаш не можеме да кажеме дека тоа е поради една работа. Тоа не е поради малтретирање, видео игри, психијатриски лекови. Никогаш не се работи за едно нешто. Ние не мора да предвидиме кој ќе изврши некаков вид насилство, но секако можеме да го спречиме - на пример, убијците во училиштата многу често се самоубиваат. Ако можевме да ги разгледаме нековите идеи за тоа, навистина верувам дека можевме да спречиме вмешаност во трагедијата“ - кажа таа.
фото: Принтскрин / Јутјуб