Не би ја препознале од почетокот на кариерата: Како изгледала Јована Пајиќ пред 17 години?

Не би ја препознале од почетокот на кариерата: Како изгледала Јована Пајиќ пред 17 години?

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Јована Пајиќ на почетокот на својата кариера имала потполно поинаков стил...

Јована Пајиќ, пејачката која е препознатлива по широката насмевка, со денови беше главна тема во медиумите поради крајот на бракот со долгогодишниот партнер, фронтменот на групата „Тропико бенд“, Александар Цветковиќ. Меѓутоа, оваа харизматична дама сврте нов лист, а приоритетите сега ѝ се поинакви.

Имено, Јована учествуваше во втората сезона на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, која се одржуваше во 2005 година и беше една од најистакнатите пејачки. Тогаш имаше само 15 години, но тоа не ја спречи да влезе во финалето и да го освои високото петто место. Сите постари колеги ѝ предвидуваа блескава кариера, но таа се одлучи за малку поинаков пат.

Имено, завршила Техничко училиште и студирала Психологија на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград. Бидејќи музиката била нејзина голема љубов, по натпреварувањето почнала да настапува.

Од тој момент многу работи ѝ се промениле, како во приватниот, така и во деловниот живот. Јована ја започнала својата соло кариера, а потоа во 2010 година, беше дел и од реалното шоу „Фарма“. И во овој формат имаше висок пласман, бидејќи ги освои срцата на публиката со својот хумор, непосредност, учтивост и насмевка на која никој не може да ѝ одолее.

По излегувањето од реалното шоу, ја обелодени врската со Сале Тропико, а двојката набрзо се венчаше и основа семејство, па така Јована денес е мајка на две преслатки девојчиња - Хелена и Џина. Бидејќи се посвети на мајчинството и семејниот живот, таа се повлече од музичката сцена. Од време на време знае да објави по некој сингл, но до неодамна не настапуваше. Од друга страна, таа му беше несебична поддршка на својот поранешен сопруг.

Меѓутоа, на музичката сцена се врати во 2018 година и тоа како фронтмен на популарниот женски состав „Министарке“, што беше изненадување на многумина. На почетокот на следната година со Лапсус бенд го објавија хитот „Воли ме“.

И кога изгледаше дека сѐ е на свое место, во јавноста како бомба одекна веста дека се разведуваат со Сале, по 10 години хармоничен брак. Но, поранешните сопружници и по разделбата имаат само убави зборови еден за друг и нагласуваат дека засекогаш ќе останат пријатели.

А, како што стојат работите, Јована по разделбата промени многу работи, не само адресата на живеење и статусот мажена. Имено, по разводот стана многу поактивна на социјалните мрежи, каде што рекламира и многу производи.

Со оглед на тоа што популарноста ја доби уште како девојче и нејзиниот физички изглед се промени, се подразбира како што растеше, но и благодарение на нејзиниот беспрекорен стил, модерните фризури и линија, која и денес ѝ е совршена.

Единствена корекција за која пејачката признава дека ја направила е зголемувањето на усните, иако многумина се сомневаат дека има направено повеќе интервенции на телото.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: