Не дозволувај да те прелажат: Продавачите го кријат овој податот за да купите полош компјутер
Една од најважните работи за многумина кои купуваат компјутер е секако процесорот.
Што е поголема ознаката на него, толку е побрз. Сепак, има уште една важна работа која треба да ја знаете пред да купувате компјутер.
Моментално во многу компјутери најзастапени се Интеловите процесори - i3, i5, i7 и i9.
Колку е поголем бројот, толку процесорот е побрз. Па така i9 е најбрз, i7 е малку поспор и така натаму.
Со самото тоа, i9 процесорот од најновата генерација е многу брз и енергетски поефикасен од i9 процесорот што постар неколку генерации.
Доколку посетите некој домашен сајт за продавање компјутери, ќе забележите дека не пишува јасно од која генерација е процесорот. За среќа, целата ознака на процесорот ќе ви го открие тоа. На овој начин ќе избегнете поскапо да платите компјутер кој во себе има неколку генерации постар процесор.
Еве како да откриете на која генерација припаѓа процесорот што е во компјутерот кој ви се допаѓа.
Секоја генерација на Intel Core чиповите има сопствено кодно име.
А генерацијата ја претставува првиот број по цртичната во називот на процесорот, на пример Core i7-3770 е чип на третата генерација, додека i7-777 е седма генерација, а со самото тоа и подобар избор.