Не е исклучен само каналот на Бака Прасе: Уште еден јутјубер изгуби сѐ преку ноќ, а за тоа ја обвини Луна Џогани (ФОТО)
Ситуацијата во која се најдоа колегите јутјубери е многу слична...
На Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе неодмана му беше исклучен профилот на Јутјуб, каде го следеа повеќе од 2 милиони луѓе. Во екот на драмата со сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, кој со недели наназад отворено зборуваше дека ќе даде сѐ од себе за Илиќ да исчезне од оваа платформа, јутјуберот впери прст во „Пинк“, сигурен дека најмногу пријави добил од таму.
Меѓутоа, Бака не е осамен. Пред неколку години, без канал остана и Петар Ивановиќ, па сето тоа ја обвини Луна Џогани.
Ивановиќ пред околу 3 години најпрво беше хакиран, а потоа му беше изгазен профилот на оваа платформа, како што и самиот наведе, поради драмата со Џогани и одредени членови од нејзиното семејство. Тогаш, освен што изгуби 40.000 следбеници, сотана и, како што се наведуваше, без голема заработка, зимајќи го предвид фактот што неговите видеа имаа по повеќе од 10 милиони прегледи. Гасењето на профилот го доживеа како „напад вез неговата егзистенција“.
Во тој период, јавно го впери прстот во Луна чиј потег внимателно го следеше, па потоа и во своите видеа ја коментираше во негативен контекст. Во своето јавно обраќање на оваа тема преку социјалните мрежи за сѐ го обвини „семејството Кардашијан за сиромашни“, па јавноста брзо и самата поврза со кој е во „војна“, пишуваа медиумите. Со Луна беше во конфликт уште кога таа излезе од реалното шоу во кое учествуваше таа година.
„Сите знаеме чие дело е ова, кој го направи ова, кој плати за да се направи ова... По две години труд и работа, мојот канал замина преку ноќ. Каналот во потполност е избришан, како и сите видеа на него. Многу ми е тешко“ - порача тогаш Петар во рамките на Инстаграм стори, за потоа да отвори нов профил на Јутјуб.
фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм