Не е лута, туку тажна: Кралицата Елизабета конечно откри како се чувствува по шокантно интервју на Меган и Хари

Не е лута, туку тажна: Кралицата Елизабета конечно откри како се чувствува по шокантно интервју на Меган и Хари

Објавена во: Живот // Живот

Интервјуто што Меган Маркл и принцот Хари и го дадоа на Опра Винфри го потресе светот, а најмногу кралското семејство.

Сепак, според изворот, кралицата Елизабета „не е лута, туку само тажна“, по обвинувањата за расизам изнесени од Меган и Хари, пренесува „Sun“.

- Тие секогаш се грижеле за Хари и кралицата се чувствува многу заштитнички настроена кон него - тврди изворот.

Тој тврди дека кралското семејство се обидело да го поддржи принцот Хари откако ја запознал својата сопруга.

И покрај тврдењата на Меган дека нема поддршка од кралското семејство, изворот вели дека семејството не било загрижено бидејќи се чинело дека Хари е многу среќен со Меган.

Двајцата, меѓу другото, во интервјуто зборуваа за тоа како неименувани членови на кралското семејство изразиле загриженост за бојата на кожата на нивниот син Арчи пред да се роди и како Меган имала проблеми со менталното здравје, но палатата одбила да и помогне.

Во изјавата на Бакингемската палата, по интервјуто се вели дека целото семејство било „тажно кога дознале за сите предизвици со кои се соочувале Меган и Хари во изминатите години“.

Кралицата, наводно, им забранила на сите свои вработени да зборуваат јавно за ова интервју и рекла дека ќе ги реши овие теми во нејзините четири sида.


Фото: Youtube/screenshoot

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: