Не е онака како што сите мислевме: Селена Гомез посочи дали некогаш ќе ја напушти музиката?
Селена Гомез ја изненади јавноста кога пред одреден период, во едно интервју раскажа дека ќе ја напушти музиката. Сепак, во разговорот за септемвриското издание на магазинот „Elle“ кажа што всушност мисли под тоа да оди „во пензија“.
„Мислам дека никогаш нема да престанам да снимам музика“ - започна Селена.
„Не велам дека сакам Греми, но давам сѐ од себе и работам најдобро што можам. Тоа што сум во центарот на вниманието знае да биде тешко“ - додаде таа.
„Откако ќе урмам, сакам луѓето да ме паметат по она што сум го направила - по душата. Во сѐ што се имам вплетка има некој хуманитарен аспект. Ако од тоа не излезе ништо добро, нема да работам. Не ми требаат пари, туку луѓе кои ќе се борат со мене“ - беше јасна Селена.
Младата ѕвезда откри колку ѝ се променил животот откако во 2017 година ги избришала сите социјални мрежи од телефонот. Нејзините лозинки сега ги има нејзината асистентка, која управува со профилите.
„Одеднаш морав да научам да бидам сама со себе. Тоа беше иритантно, бидејќи порано поминував со часови гледајќи во животите на другите луѓе. Ќе навлезев длабоко во нечиј профил за на крајот да сфатам дека не ја ни познавам таа личност. Сега информациите ги добивам на вистинскиот начин“ - заклучи.