Не е поради каприц: Хајли Бибер објасни зошто го забрани коментирањето на објавите на Инстаграм
Во новото интервју, манекенката раскажа да ги доживувала коментарите кои ѝ стигнувале, а кои почнала да ги добива откако излегла од анонимност...
Интернетот знае да биде убава работа, но многумина го користат погрешно и секако оставаа грозни коментари без причина. На популарно наречените „тролања“, на патот им застана Хајли Бибер.
Манекенката во новото интервју раскажа како ги поднела коментарите кои ѝ пристигнувале, а кои почнала да ги добива кога излегла од анонимност - со стапувањето во брак со Џастин Бибер.
„Кога се венчавме, сѐ што сакав беше да се сокријам. Не сакав сите да се занимаваат со мене. Имав впечаток декасите очи се вперени во мене“ - откри таа во интервјуто за последниот број на магазинот „Elle“.
„Тролањето“ и лошите коментари кулминирале минатата година, кога одлучила да ја исклучи опцијата коментирање - барем за јавноста. Сега под фотографиите може да ѝ коментираат само луѓе кои само таа ги следи.
„Се сеќавам дека некој ми рече дека ќе го изгубам досегот на моите објави на Инстаграм, доколку ги исклучам коментарите. Веднаш кажав дека не ми е грижа за тоа. Луѓето ме тероризираа, ми беше гајле за досегот“ - објасни манекенката.
Хајли на Инстаграм ја следат 32 милиони луѓе, а покрај рекламните кампањи во кои е дел, оваа платформа ја користи и за промоција на изборите и образованието на младите.