Не е сè за објавување: 6 типа видеа што не треба да ги снимате за ТикТок
Размисли пред да објавиш нешто...
ТикТок моментално можеби е и најголем хит, а и многумина се префрлија и на оваа социјалната мреажа. Некои снимаат јавно, додека други имаат приватни профили за себе и своите најблиски пријатели.
Ако имаш јавен профил, тогаш дефинитивно треба да ги знаеш овие работи. Доколку го немаш и снимаш само за своите пријатели, сеедно е дали се држиш до овие правила. Некои видеа едноставно не се примерни за ТикТок или се ужасно непристојни. Не можеш апсолутно сè да објавуваш онака како ти што сакаш, бидејќи или ќе добиеш коментарни полни со „хејт“ или ТикТок ќе ти го отстрани видеото. Затоа внимавај и ваквите формати на видеа избегнувај ги.
# Лажни пренкови
Кај лажните ренкови навистина се забележува дека се лажни. Можеби тебе тоа не ти изгледа така, бидејќи си задоволен од тоа како испаднало видеото, но некој друг сигурно ќе забележи дека сè е направено плански и нема да ти верува, а со самото тоа ќе започнат и „хејт“ коментарите.
# Видеа во кои зборуваш повеќе од 3 минути за некоја тема
Не е лошо да се искаже своето мислење, но мораш да знаеш дека тоа веројатно нема да биде интересно за многумина. Особено ако видеото е долго, како на пример 3 минути и подолго. Тогаш сигурно многумина нема да го изгледаат до крај, освен оние кои навистина се заинтересирани за темата за која зборуваш.
# Трикови кои не функционираат
На ТикТок сè почесто се појавуваат видеа каде некој снима трик кој само на него му излегува добро, а кога друг ќе го проба, ништо не се случува. Само што личноста која го снимале го има монтирано така за да изгледа како трикот да е успешен. Во секој случај, немој да го правиш тоа.
# Непосакувани содржини
ТикТок ги отстранува видеата, дури го блокира твојот профил ако снимаш некои содржини кои според него се забранети. Тоа најчесто се видеа со непристојни реченици, изрази, алкохол, пушење, голотија и други слични активности. Не само што ТикТок ќе ти го отстрани тоа видео, туку и општо воопшто не би требало да снимаш нешто слично на тоа.
# Исмејување на некои други личности на ТикТок
Исмејувањето не е дозволено, а не е ни пристојно никаде, па така ни на ТикТок. Многумина таму си даваат за право да ги исмејуваат другите личности преку опциите „Stitch“ и „Duet“ само поради прегледи. Но, не само што не е убаво, туку треба да размислиш и на тоа дека ќе ја повредиш личноста која ја исмејуваш. Немој да го правиш тоа.
# Видеа преку кои сакаш да собереш следбеници
Најлоши се оние кои преку видеа сакаат да соберат следбеници. Еден пример е тој преку ТикТок ги најавуваат објавите на Инстаграм, па мораш да ги заследиш, бидејќи на големиот дел од нив профилите им се приватни. Освен тоа, постои пример каде во коментарите на видеото е напишана поентата на истото, но за да го пронајдеш нивниот коментар помеѓу илјада други, прво мора да ги заследиш.
фото: unsplash.com