Не е секогаш совршено: Пораки кои покажуваат дека не е толку загреан за тебе
Доколку симпатијата често ти испраќа вакви пораки, можеби е време да ја прифатиш тажната вистина.
Дешифрирањето на секоја порака која симпатијата ти ја испраќа е едноставно нешто што сите го прават, а доколку често добиваш вакви пораки, можеби ќе ти стане јасно дека (повеќе) не е толку загреан за допишување со тебе.
Некогаш од пораките можеш да прочиташ многу повеќе од самите зборови кои се напишани. Додавањето на повеќе „е“ во зборот „хеј“, значи ли дека повеќе му се допаѓаш? Доколку одговара на неколку часа, сака ли да се потрудиш малку повеќе околу него? Постои ли разлика помеѓу супер без емотикон и супер со емотикон? Допишувањето е цела наука. Кој во одреден период се допишува со личноста која му се допаѓа е свесен за тоа. Бараш знакови дали му се допаѓаш и ти на него, што мисли... Некогаш анализирањето на пораките може да каже нешто, но некогаш може да те однесе и на тотално погрешен пат. Иако тоа го знаеш, сеедно и понатаму ќе читаш помеѓу редови. Па доколку го правиш тоа, ова се знаците кои може да ти кажат дека сепак не е толку загреан за тебе и дека ти одговора од пристојност.
„К“ или „ок“
Доколку некој на секоја втора порака ти одговара со едноставно „ок“ или уште полошо, само „к“, можеби е време малку да го намалиш испраќањето на пораки на таа личност. Секој кој сака да се допишува нема да ти одговара со тие зборови. Доколку е толку мрзелив да не може да напише збор повеќе, не ни заслужува да му испраќаш пораки. Немој да се обидуваш да се уверуваш дека тоа е едноставно негов стил на пишување пораки или дека не сака да се допишува, бидејќи дури и оние кои мразат да се допишуваат, кога им е некој доволно интересен, нема да може да оддолеат и покрај тоа што добар дел од денот не поминуваат залепени за мобилниот. „К“ или „ок“ звучи како некој да сака да го заврши разговорот, но не сака да биде безобразен за во потполност да го игнорира или само да ти ја остави пораката.
„Лол“
„Лол“ всушност е „ок“ само во малку поубав облик. Со оглед на тоа што многумина знаат дека „ок“ звучи како да сакаш некој да откачиш, „лол“ делува како малку поубав пристап. Сосема е поинаква приказната доколку некој ти напише „лол“ кога кажуваш нешто смешно. Еднакво како и „ок“ и „лол“ не значи ништо во разговорот, не покажува дали личноста сака да продолжи да зборува. Кога се допишуваш со некој кој те интересира, најверојатно е дека двете страни ќе сакаат разговорот да продолжи, а не да запре, а „лол“ го убива истиот.
Секогаш одговара со еден збор
Овие два кратки збора се само некои од примерите, но доколку личноста на твоите пораки најчесто одговора само со еден збор, тоа покажува дека не се труди, а кога некој ти се допаѓа, тогаш дефитивно ќе се потруди. Доколку симпатијата е навистина заинтересирана за тебе, ќе напише нешто повеќе од еден збор, без оглед на тоа колку е срамежлив или збунет.
„О, тоа е навистина кул“
Што го движи разговорот? Прашања. Дали ваквата порака е нешто на што можеш да се надоврзеш и да го продолжиш разговорот? Тешко. Доколку ти си личноста која постојано поставува прашања и пишува пораки од неколку реченици, а другата страна одговора со вакви кратки коментари, тоа е знак за предупредување дека можеби е време да престанеш со допишувањето, бидејќи другата страна не е заинтересирана. Во ред е некогаш да се нафрлаат вакви коментари, но кога некој ова често ти го пишува... најверојатно не е толку заинтересиран за комуникација.
„Не можам да пишувам, со пријателите сум“
Во ред е да се дружиш со пријателите и за тоа време да не бидеш постајано на мобилен, но доколку секогаш кога ти ќе се јавиш личноста не е достапна, тоа нешто кажува. Кој сака да те слушне, ќе се јави самоиницијативно кога ќе заврши со дружењето. Ова е само изговор кој е совршен кога не сакаш со некој да се допишуваш.
„Извини, бев зафатен/а“
Кога се повторува истата ситуација повеќе пати: ти пишуваш, нема одговор со часови, а потоа личноста се јавува со овој изговор, многу е веројатно тоа да не е вистина. Навистина е во ред таа личност да е зафатена и да не може да ти врати во истата секунда, тоа е сосема нормално, но доколку се случува често... Особено доколку недостасува и дел од објаснувањето. Едноставно не си на листата на приоритети, ниту доволно важна личност за нешто повеќе од едно „извини, бев зафатен/а“. Тажно, но вистинито.
Нема потреба со сила некој да го „тераш“ да се допишува со тебе, доколку не сака, тој/таа губи, нема да има можност да дознае колку супер личност си ти.