Не е случајно што Меган и Хари вчера ја објавија веста за бременоста: Причината е поврзана со настан од пред 37 години
Веста дека го очекуваат второто дете е објавена на Денот на вљубените, а познавачите на британското кралско семејство воочија една посебна „случајност“ во целата приказна...
Како бомба одекна информацијата дека Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат второто дете.
За тоа пишуваа и бројни светски медиуми, а веста беше пропратена со фотографија од бремената војвотка чиј автор е Мисан Хариман, кој фотографијата ја сподели на својот Инстаграм профил.
„Бев на вашата венчавка и бев сведок на оваа љубовна приказна па сум почестен што имав можност да овековечам како таа приказна расте. Им честитам на војводата и војвотката од Сасекс на прекрасните вести“ - напиша Хариман покрај фотографијата.
А, што воочија познавачите на британското кралско семејство?
„Пред точно 37 години, принцезата Дајана објави дека е бремена и дека го очекува второто дете (принцот Хари), а денес Меган и Хари објави дека го очекуваат второто дете“ - порачуваат на Твитер.
Guys, it was exactly 37 years ago today that Princess Diana announced that she was expecting her second child, Prince Harry. Today, in 2021 Prince Harry and Meghan announced that they are expecting their 2nd child...I’m emotional pic.twitter.com/MqM8X9b6H4
— Myra (@SussexPrincess) February 14, 2021
Прекрасната симболика на датумот е придружена со веќе споменатата, односно со фактот дека веста е објавена на Денот на вљубените, што можеби и било важно на принцезата Дајана, која ги објави убавите вести по враќањето од балетскиот перформанс во Осло. Меган Маркл и принцот Хари се венчаа во 2018 година во Виндзор, а во 2019 година го добија синот Арчи Харисон.
фото: SHUTTERSTOCK