Не е смешно, шокантно е: Младите во Америка не ги знаат континентите, страните на светот, немаат познавања од општа култура (ВИДЕО)

Не е смешно, шокантно е: Младите во Америка не ги знаат континентите, страните на светот, немаат познавања од општа култура (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Периодов доста популарен е јутјуб каналот Fleccas Talks каде јутјубер им поставува прашања од општа култура на младите Американци кои ги среќава по улиците, и, и повеќе од изненадувачки е фактот што тие немаат општи познавања за секојдневни, и работи кои се учат од најмала возраст, односно познавања кои се од општа култура.

Шокантно и загрижувачки е што младите од Z генерацијата немаат општи познавања, па се доведува во прашање квалитетот на образованието во Америка.

Видеата се истовремено смешни и зачудувачки шокантни бидејќи јутјуберот многу често им поставува трик прашања во кои се крие и самиот одговор, но, младите Американци даваат сосема погрешни одговори, на што јутјуберот иронично им вели: „Да, така е!“

Погледнете некои од видеата - не ги знаат континентите, не знаат да спелуваат едноставни, кратки зборчиња, немаат познавања за историјата на Америка, не знаат да гледат на ѕиден часовник, ниту да множат најмали броеви. Дури и не знаат од каде е кралицата на Англија, или каде се наоѓа Кинескиот ѕид, не ги знаат страните на светот...



Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: