Не е така супер како во серијата: Најголемите лаги за пријателството кои ни ги продаде серијата
Во серијата „Пријатели“ изгледа дека вистинските пријатели се тука за тебе, секогаш ви е забавно, пријателствата не се прекинуваат, се е супер. Но, дали навистина е така? Баш и не. Низ сезоните, не лажеа за неколку важни работи поврзани со пријателството.
Поминаа веќе 25 години од премиерата на „Пријатели“, а и понатаму се еднакво популарни и сите ги гледаат. Неделно, само во Америка, серијата има 16 милиони гледачи. Без оглед на тоа колку пати сте ги изгледале сите епизода, никако не досадуваат. Сите кои ја гледале оваа серија, а дури и доколку не, мора да слушнале и да се запознале со сценариото за истата. Дали сценариото кое се фокусира на група луѓе и нивното пријателство, љубовниот и деловниот живот го покажува вистинскиот пријателски однос или баш и не? Многумина би се сложиле дека не. Серијата на луѓето им даде нереалистични очекувања од пријателството, а ова се најчестите лаги кои и беа продадени на публиката.
# Ќе пронајдеш своја група пријатели, отприлика 6 и сите меѓусебно ќе се сложувате супер
Доколку ги следиш знаковите кои серијата ги испраќа, можеш да добиеш впечаток дека го ќе пораснеш едноставно во некој момент ќе добиеш околу себе група од 5 пријатели. Сите супер ќе се служувате и ќе бидете многу блиски. Во вистинскиот живот тоа е поинаку, а односите помеѓу пријателите во поголемите групи се комплицирани. Дружењата секогаш се во помали групи, а сите се собираат смао кога нешто се слави.
# Твоите пријатели ќе бидат секогаш тука за тебе
Уште во воведната песна, серијата вели дека пријателите ќе бидат тука за тебе, ќе те сакаат и поддржуваат. Секако дека ќе пронајдеш пријатели кои ќе бидат тука за тебе без оглед на се, но исто така тие ќе те изневерат, излажат, ќе те навредат, а некогаш и заборават. Нема сите пријателства од училишните и универзитетските денови да преживеат.
# Ќе ја решите секоја кавга или проблем за само 22 минути
Во многу случаи, во „Пријатели“ кога ќе се случи некоја незгодна ситуација, таа се решава до крајот на епизодата, односно за 22 минути. Сценаристите секогаш пронаоѓаат супер решение за проблемите и начин на кои ќе ги решат, но во вистинскиот живот сепак е потребно малку повеќе време за таквите ситуации. Кога некој ќе те повреди или ќе се испокараш со некој, ти требаат повеќе од 22 минути за да поминеш преку тоа и да се смириш.
# Секогаш ќе имаш место во распоредот за спонтана дружба со пријателите
Пријателите во „Пријатели“ секогаш се дружат. Или се во кафулето или во станот на Моника и секој слободен момент го поминуваат заедно. Кога и да налетаат еден на друг, се дружат, како другите обврски да не постојат. Во вистинскиот живот со пријателите, особено со поголемите друштва, не е лесно да се договори. Треба да се испланира една недела однапред за да се изнајде компромис кој на сите донекаде ќе им одговара.
# Заеднички појадок
Ова е сигурно една од најголемите лаги. Членовите на друштвото во серијата често појадуваат заедно - дури и во работните денови, што може да се забележи по нивната облека. Тоа значи дека во тие денови се среќаваат пред 9 наутро за да успеат да појадуваат заедно и потоа да одат да работат. Ова апсолутно никој не го прави и е најголема лага која серијата ја презентира.