Не е вистина дека ни е потребен профит: Цукерберг се огласи повторно и им испрати порака на критичарите
Фејсбук изгуби пари на повеќе начини во вторникот попладне, кога гиганот на социјалните мрежи беше погоден од досега незапаметен прекин кој траеше околу 6 часа.
Еден ден потоа, од својот Фејсбук профил повторно се огласи и Цукерберг и објасни што се случувало тие неколку часа за време на блокадата на Фејсбук, а имаше и порака за сите кои го таргетираат исклучиво како профитер.
„Здраво на сите: ова беше возбудлива недела и би сакал да споделам неколку мисли со вас. Прво, серверот што вчера ги „сруши“ сите наши услуги беше најлошиот прекин што го имавме во изминатите години. Ги поминавме изминатите 24 часа размислувајќи како можеме да ги зајакнеме нашите системи против овој тип прекини. Ова исто така беше потсетник за тоа колку е важна нашата работа за луѓето. Подлабока загриженост за овој прекин не е за тоа колку луѓе што ги користат нашите услуги се префрлаат на конкурентни услуги или колку пари губиме, туку што значи тоа за луѓето кои се потпираат на нашите услуги да комуницираат со саканите, да го водат својот бизнис или да ги поддржуваат своите заедници“ - откри Цукерберг што е основната грижа на компанијата, наспроти вкоренетиот став на јавноста за профитот како единствена цел.
„Второ, сега кога сето ова заврши, сакав да се осврнам на полемиката чиј предмет бевме. Сигурен сум дека на многумина од вас им беше тешко да прочитаат сè што е објавено, бидејќи едноставно таквата содржина не ги одразува вредностите на компанијата што ја знаеме. Ние сме длабоко загрижени за прашања како што се безбедноста, благосостојбата и менталното здравје. Не е лесно да се читаат текстови што апсолутно погрешно ја прикажуваат нашата работа и нашите мотиви. Во суштината на сè што се случи, мислам дека повеќето едноставно не ја препознаваат лажната слика што е прикажана за нашата компанија.“
Целото обраќање на Марк, првиот човек на Фејсбук може да го прочитате во продолжение: