Не ги игнорирајте: Знаци дека ви е потребен детокс од социјалните мрежи

Не ги игнорирајте: Знаци дека ви е потребен детокс од социјалните мрежи

Дали чувствувате грижа на совеста доколку поминувате премногу време на телефон?

Ви гарантираме: детоксот од социјалните мрежи ќе ви дојде подобро отколку читањето на оваа статија.

Доколку сега се обидувате да се одморите од социјалните мрежи - или се пронаоѓате во некоја од точките во продолжение, можеби е време за пауза од Интернет.

# Анксиозни сте без телефон

Дали постојано чувствувате потреба да го проверите телефонот? Што се случува кога ќе добиете нотифитикација: мора ли веднаш да ја отворите? Имате ли константна потреба за веднаш да ги погледнете новите видеа на ТикТок? Дали сте во состојба да преживеете без да го направите тоа?

Доколку ова ви се случува на дневно ниво, можно е да страдате од вознемиреност при одделување од социјалните мрежи. Доколку тоа е случај, тогаш нема сомнеж - потребно е што порано да започнете со детоксикација од социјалните мрежи.

# Се споредувате со луѓето на социјалните мрежи

Дали се споредувате со семејството, пријателите, дури и со непознатите луѓе откако ќе ги погледнете нивните профили на социјалните мрежи? Дали сте љубоморни на она што го гледате и посакувате да сте во нивна кожа, бидејќи „животот им е подобар“? Дали се чувствувате како да немате доволно достигнувања во сопствениот живот?

Доколку на било кое од овие прашања одговоривте потврдно, можеби е време за на кратко да ги избришете сите апликации.

Важно е запомните дека никој не е совршен, без разлика како се претставува. Сите имаат лоши денови. Меѓутоа, ретко ќе видите такви објави на социјалните мрежи, бидејќи никој не е подготвен на „лоша“ приказна.

# Постојано споделувате што правите

Постојат моменти кога фотографирањето и споделувањето на социјалните мрежи е забавно. Изгледате добро и уживате додека се фотографирате. Додавањето на такви фотографии на профилот е супер работа. Меѓутоа, доколку не можете да уживате во секојдневните работи, без да ги споделите на социјалните мрежи, имате проблем.

Доколку ова ви звучи како нешто што го правите, време е за детокс: тој ќе ве научи да уживате во моментите и да го цените она што се случува околу вас без да го споделите.

# Слободното време го поминувате на социјалните мрежи

Понекогаш не сфаќаме колку време губиме „скролајќи“. Креаторите на повеќе социјални мрежи го сакаат тоа и вложуваат милиони за да развијат апликаци на кои ќе трошиме нашето слободно врмее.

Меѓутоа, доколку секој слободен момент го користите за да проверите што се случува на социјалните мрежи, мора да почнете со детоксикација. Многу брзо ќе сфатите колку слободно време имате и дека истото ви поминува во „скролање“ на социјалните мрежи.

Детоксикацијата ќе ви овозможи да се насочите кон себе, своите хобија и да бидете присустни во својот живот во целина.


Можеби ќе ве интересира: