Не ѝ беше судено: Елката на Џастин и Хајли кратко траеше
Обожавателите веќе можеа да забелажат дека Бибери се во божиќно расположение и дека пробуваа да пронајдат совршена елка.
Според последната Инстаграм приказна на Хајли, изгледа работите не се одвивале онака како што планирале, откако конечно ја пронашле совршената елка. Имено, Хајли на својот Инста профил со обожавателите ја сподели елката која ја украсувала заедно со Џастин БИбер и истата изгледаше неверојатно со сите мали ситници на гранчињата.
Hailey Bieber via Instagram Stories
— Hailey Bieber Updates (@HaileyBaldwinCR) December 2, 2019
(December 1, 2019) pic.twitter.com/MubzNw7z53
Но, за жал елката не траеше долго, зошто кучето се доближи до неа и скина неколку убави украси. Во второто видео кое Хајли го објави, некои од украсите се на подот додека нивното куче и понатаму трчи околу дрвото и си игра со некои од своите најдраги нови играчки. Изгледа дека на Хајли тоа не и пречело, бидејќи претпоставувала дека вакво нешто може да се случи. Сепак, видеото завршува прилично смешно и воедно помалку фрустрирачки за сите оние кои ја поминале истата работа со своето милениче.
Hailey Bieber via Instagram Stories
— Hailey Bieber Updates (@HaileyBaldwinCR) December 2, 2019
(December 2, 2019) pic.twitter.com/gzeaAkEYw1
Џастин и Хајли веќе некое време имаат кученце, а тоа има и свој Инстаграм профил. Претходно објавуваа фотографии на кои Оские пробува да ја земе папучата од рацете на Џастин, па веројатно затоа не се изненадени со она што се случило со нивната елка.