Не ѝ се потсмева само на кралицата, туку и на сите Британци: Потегот на Меган Маркл поради кој Твивер „гори“
Роденденското видео на Меган Маркл го зоабиколи светот, а поради деталите кои се најдоа на видеото многумина тврдат дека се потсмева со семејството на кралицата...
Експертот за кралското семејство ја обвини Меган Маркл дека ѝ се потсмевала на кралицата Елизабета Втора во видеото кое војвотката од Сасекс го објави за својот 40-ти роденден,
Во видеото кое беше објавено на денот на нејзиниот родеден, Меган ја започна новата иницијатива „40х40“, глобалниот проект кој ги поттикнува луѓето ширум светот да се посветат на давањето на 40 минути од своето време за да ги поддржат жените кои сакаат да се вратат на работа. Во видеото ѝ се придружува и актерката Мелиса Мекартни.
На видеото Мелиса и Меган пијат чај од традиционални филџани, а во еден момент Мелиса носи шешир и ракавици.
„Дали уште некој смета дека Меган и нејзината пријателка Мелиса Мекартни се потсмеваат на кралицата во роденденското видео?“ - напиша помеѓу останатото на Твитер, Ангела Левин.
На коментарот на експертот за кралското семејство имаше што да каже и кралскиот биограф.
„Потсмевањето покажува што мисли за кралското семејство. Го има она што го сакала и е уверена дека може сите да не надмудри. Само мораме да ги почекаме уште мемоарите на Хари“ - напиша кралскиот биограф Роберт Џобсон.
По одвлекувањето на вниманието кон деталите од разговорот на Меган и Мелиса Мекартни, Твитер почна да „гори“.
„Можеби. Секој им се потсмева на Британците“, „Не само на кралицата, туку ѝ се потсмева на целата британска култура“ - се само некои од коментарите.
Видеото е објавено само неколку часа откако кралицата Елизабета и другите членови на кралското семејство ѝ го честитаа роденденот на Меган на социјалните мрежи.