Не изгледаат како Џиџи и Кендал, но се топ модели: 10 девојки кои го уништија традиционалниот поим за убавина
Традиционалните стандарди за убавина време е да заминат во пензија, ова се моделите што му се потребни на светот
# Медлин Стјуарт
Девојчето кое го смени погледот кон девојчињата со Даунов синдром на начин што стана првиот модел кој боледува од оваа болест е Медлин. Таа носи облека на светските модни писти, од Њујорк до Париз и ништо не ја спречува. Таа не изгледа како типичен модел, но е една од оние што го менуваат светот на моделирање.
# Софија Хаџипанели
Да се срамите од своето тело и начинот на кој изгледате е најглупавата работа, а Софија е тука за да им покаже на сите дека да се имаат споени веѓи и не е најлошата работа на светот. Таа го претвори својот „unibrow“ во заштитен знак. Само затоа што нешто на вас не спаѓа во категоријата „традиционално убаво“ не значи дека не е убаво.
# Иса Лиш
Со јапонско - мексикански корени, Иса никогаш не ни сонувала да стане манекенка затоа што знаела дека не изгледа како типично девојче што оди по модните писти, но еден извидник ја забележа додека работела во ресторан во текот на летото и му се допаднал нејзиниот некако „вонземјански“ изглед. Денес, Иса редовно соработува со најголемите светски дизајнери.
# Џазел Заноти
Убаво? Апсолутно! Некој што би го гледале како успешен модел? Баш и не. Но, Џазел е успешен модел. Изгледот што го негува не е нешто што ќе ги воодушеви сите, а особено затоа што нема веѓи, може да изгледа малку чудно, но токму поради својот уникатен изглед дојде до таму каде што е денес.
# Слик Вудс
Слик е уште еден модел без кој оваа листа не може да помине. На прв поглед изгледа како и секоја друга девојка... сè додека не се насмее. Таа има многу поголем јаз меѓу предните заби отколку другите и затоа сите секогаш ја задевале дека е грдо пајче. Денес, таа е модел кој редовно работи за имиња како Ријана или Канје Вест.
# Ана Маранич
И Ана има еден вид на болест што не е вообичаена, а се нарекува алопеција. Тоа е состојба во која едно лице ја губи коса и / или влакната на различни делови од телото. Понекогаш дури и не се забележува, но кај Ана е во прашање косата, но фактот дека е ќелава не ја спречи да им покаже на сите дека и таа може да стане модел. Не става перики за снимањата, туку секогаш гордо се шета со својата природно ќелава глава.
# Тандо Хопа
Да се каже дека Тандо Хопа не е убава, нема смисла затоа што изгледа апсолутно „вау“, само малку поинаку. Тандо е албино и доаѓа од Африка, каде што тоа е многу лоша работа, бидејќи поради силното сонце може многу лесно да заболи од рак или да стане слеп. Наместо да се затвори во куќата и да не излегува надвор, Тонда стана модел.
# Моли Баир
Дали имате дел од вашето тело што воопшто не ви се допаѓа затоа што не изгледа како „стандардите за убавина“? Тој проблем го има и Моли Беир, но наместо да очајува, таа реши да ги сврти работите. Таа има големи уши, многу поголеми и поизразени од повеќето, но сепак оди по модните писти со косата зад нив.
# Кејтин Стикелс
Да им судиш на луѓето според нивниот изглед, а особено според начинот на кој тие изгледаат затоа што имаат некоја болест уште од раѓање, е многу грдо. Но, луѓето сè уште го прават тоа. Затоа ваквите модели се исклучително важни. Можеби не ви е убава, но некој друг ќе рече дека е посебна и убава, токму затоа што изгледа поинаку. Кејтин има ретко генетско, поточно хромозомско, нарушување наречено синдром „cat eye“. Затоа, не изгледа како другите модели, но е успешна во оваа професија.