Не ја гори косата со фигаро или пегла: Ти ја откриваме техниката за совршени локни по која девојките полудеа (ВИДЕО)
Наш предлог е свилениот виткач со кој нема да ја уништите косата, а локните ќе испаднат совршено...
Сигурни сме дека локните никогаш нема да излезат од мода, а особено се привлечни за девојките кои природно имаат права коса. Наједноставно и најбрзо решение за добивање на убави бранови е пегла или фигаро.
Но, таквите уреди можат да достигнат температури над 200 степени, па замислете што и правите на својата коса, особено ако често ги костите таквите методи за стилизирање на коса.
За да ја одржите косата здрава и сјај, ви ја предлагаме техниката „heatless curls“, односно техника со која ќе добиете прекрасни локни, без да ги користите уредите, кои буквално ја горат косата.
За добивање на совршени локни, ќе ви треба свилен или сатенски виткач за коса кој изгледа како црево, кое е исполнето со сунѓер. Во сетот со свилени виткачи доаѓаат и две свилени ластичиња за коса и штипка. Овој магичен производ многу девојки го пронајдоа со едно едноставно пребарување на Интернет.
Девојките на социјалните мрежи буквално полудеа по оваа техника. Како прво, свилата е материјал кој нема да ја оштети косата, а второ, оваа постапка е толку едноставна и не бара некои посебни вештини и крајните резултати се совршени.
Во продолжение погледнете го видеото со постапката на виткање на косата:
@emma_august_ #silkribboncurler #silkribbon #silkcurls #silkcurlingrod #silkcurl #heatlesssilkcurlers #heatlesscurls #overnightcurls #overnightcurls #foxywave 3 minutes - StMooY7
фото: Принтскрин / Инстаграм